Од вработените на Гугл до Гугл:

Работиме за Гугл, не за воена индустрија

Отвореното писмо до ЦЕО-то на Гугл е потпишано од 3.000 вработени кои бараат компанијата да престане да соработува со Пентагон во изработка на „вештачка интелигенција за следење“ за потребите на дроновите на американската армија.

Драг Сундар,

Ние веруваме дека војната не треба да биде бизнис на Гугл. Затоа бараме проектот Мејвен да биде откажан и Гугл да донесе, објави и спроведе јасна политика дека ниту Гугл ниту неговите соработници некогаш ќе создаваат воена технологија.

Гугл го имплементира проектот Мејвен, посебно направен енџин за следење со помош на вештачка интелигенција кој користи „подвижни слики од големи предели“ собрани од дронови на американската армија за да открие возила и други предмети, да го следи нивното движење и своите резултати да ги предаде на Министерството за одбрана.

Неодамна, вработените на Гугл во рамките на компанијата ги изразија своите забелешки околу Мејвен. Даен Грин (член на бордот на директори на Гугл и ЦЕО на Гугл клауд) одговори, осигурувајќи ги дека технологијата нема да биде искористена за „управување или летање дронови“ и “дека нема да биде искористена за нови оружја“. Иако ова елиминира мал број на директни употреби, технологијата се создава за војската, и откако ќе и биде предадена таа лесно може да биде искористена да помогне во овие задачи. Овој план непоправливо ќе му наштети на брендот Гугл и неговата способност да дојде до нови таленти.

Сред растечките стравови околу пристрасна и вооружена вештачка интелигенција, Гугл и онака веќе се бори за да ја задржи довербата на јавноста. Со влегување во овој договор, Гугл ќе застане рамо до рамо со компании како Палантир, Рајтеон и Генерал динамикс. Аргументот дека и други компании, како Микрософт и Амазон, исто така учествуваат, не го прават ова ништо помалку ризично за Гугл. Уникатната историја на Гугл, неговото мото „немој да бидеш зол“ и неговиот директен пристап во животите на милијарди луѓе е она што го прават посебен.

Ни не можеме да ја аутсорсираме моралната одговорност за нашата технологија на трети страни. Јавните вредности на Гугл јасно го кажуваат ова: секој еден од нашите корисници ни верува. Никогаш немој тоа да го загрозуваш. Никогаш. Овој договор ја става на ризик репутацијата на Гугл и преставува директна спротивност на нашите главни вредности. Создавањето технологија која ќе и помогне на американската влада во воениот надзор - и со потенцијално смртоносни исходи - не е прифатливо.

Препознавајќи ја моралната и етичка одговорност на Гугл, и заканата за репутацијата на Гугл, од вас бараме: 1. Проектот веднаш да се откаже. 2. Да се донесе, објави и спроведе јасна одлука дека ниту Гугл ниту неговите соработници некогаш ќе изработуваат воена технологија.

5 април 2018 - 11:34