таг: гугл

Руските хакери ја користат инфраструктурата на Гугл за да хакираат Гмаил корисници

Успешноста на методот со кој се нападнати околу 200 корисници на Гмаил, меѓу кои и новинари, активисти, луѓе поврзани со украинската армија и сл, во најголем дел зависи од корисникот што е нападнат, без чиј клик ниту еден напад не може да биде успешен. Секако и самите напади се совршено осмислени. Повеќе

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега. Повеќе

Google I/O'17: Google Keynote
Цртај бе братучед, цртај

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас. Повеќе

Чевличката на Пепелашка и други аналогии: нов речник на технолошки жаргон

„Енкрипција“, „анонимизација“, „машинско учење“, „нет неутралност“...Технолошкиот жаргон знае да биде комплициран за оние вон ваквите професии, на кои тие треба да им бидат објаснети како на петгодишно дете. На пример - со аналогии. Повеќе

Вашата нова шивачка се вика Гугл

Едно време беа Бурди, бележења со сапунче и шпенадли со топчиња во различни бои. Сега на ред е апликација што една недела ќе собира податоци за вас за на крај да ви го понуди идеалниот дизајн на она што треба да го облечете. Повеќе

Гугл ретроспектива на 2016
Зошто Епл и Гугл се запнати за сончева енергија?

Со многу помалку галама отколку кој било претходен проект, во август Епл доби дозвола за продажба на вишокот електрична енергија што ја генерираат на соларната фарма во Калифорнија купена минатата година. Повеќе

Што се пофалија вчера од Гугл

Раскинување со Нексус и нов Гугл телефон под брендот Пиксел (и ќе има 3,5 милиметарски влез за слушалки), конечно унапредена и надградена верзија на Хромкаст и Гугл Асистент кој во рецензиите е претставен како паметна верзија на Сири, се дел од работите од годинешниот Гугл настан. Повеќе