Близнаците го потопија Гугл

Берзата некако му го прости на Гугл тоа што ни најмалку не ја искористи целата предност што ја имаше во ВИ трката пред комплетната технолошка индустрија. За разлика од тоа, одлуката да го пушти генераторот на слики Џеминај со „разбуденост“ ставена на најјако, до сега е казнета со пад од 70 милијарди долари на вредноста на акциите.

Откако во рок од еден викенд Гугл го објави и го повлече својот до сега најважен ВИ проект, во понеделникот, на првиот работен ден на берзата, акциите на Алфабет паднаа на 138,75 долари за акција, што е минус од 4,4%.

Проблемот е што погрешно всадената логика на Џеминај (како црнци викинзи и Азијатки во наци униформи), која пак е резултат на разбудената култура што доминира во компанијата, од јавноста и инвеститорите е протолкувана како сигнал дека „Гугл не е сигурен извор за ВИ“ заради што „корисниците стануваат се позагрижени околу халуцинациите и пристрасноста на Гугл.“

На дента на падот на вредноста на акциите, првиот човек на Дипмајнд на Гугл, Демис Хасабис, објави дека Џеминај најверојатно со недели ќе биде офлајн додека да се реши проблемот.

За политичката и идеолошка пристрасност на Џеминај прв на отстрел беше водачот на целиот проект, Џек Кравчик, откако на интернет почнаа да се шират негови твитови и ставови околу белата раса.

Крахот на ВИ проектот на Гугл беше чист пенал за Илон Маск:

28 февруари 2024 - 12:12