"Секоја помош е добредојдена" - вели чичко Петар од с.Стајковци, натажен, со поглед на неверување додека сè околу него сведочи за хоророт кој тој и семејството го преживеаја пред неколку дена.
Жан де ла Брујер бил француски филозоф од 17-иот век, запаметен меѓу другото по реченицата "Од тешкотиите, се раѓаат чудата". А во време на најголеми тешкотии, чудата се најпотребни. Фирми, поединци, млади, стари, секој треба да се вклучи и да придонесе. Меѓу оние кои лично даваат пример за тоа што треба да се стори е градежната компанија Голден Арт.
Од таму донираа градежни материјали и намирници за семејствата од поплавените места во вредност од 1.000.000 денари. Но, главната помош доаѓа од нивната ангажирана механизација со која се расчистуваат поплавените подрачја околу Скопје.
Помош само колку да се помогне е прифатливо. Но, помош во токму оние точки каде истата е најпотребна е веќе нешто друго. Доколку повеќе компании го следат примерот на Голден Арт можеме да ја вратиме надежта кај чичко Петар и останатите. Доколку сите ние го следиме примерот, можеме да направиме чудо! Ајде...
(комерцијален текст)