Ама колку може да му се верува?

Закерберг потврди дека не е гуштер

Првиот човек на компанијата седна да одговара прашања на Фејсбук Лајв, а таму добар дел од интернетот како едвај да го чекаше, некои од нив добро потковани со секоја можна гласина (и теорија на заговор) околу Закерберг.

Една од работите за која Закерберг не е свесен, е муабетот дека тој е гуштер облечен како човек. Ова е малку подолготрајна завера која се сведува на тоа дека луѓето гуштери го контролираат светот. Во анкета од 2013 околу 4% од регистрираните гласачи во САД изјавиле дека веруваат дека "луѓето гуштери го контролираат нашето општество преку стекнување политичка моќ" .

На прашањето "Марк, дали се точни обвинувањата дека ти тајно си гуштер?" тој одговара:

"Ммм... кје мора да кажам 'не'. Не сум гуштер. Ама ве молам продолжете да испраќате вака високо квалитетни коментари. Ова е на добар пат да биде одлична сесија на прашања и одговори ако продолжиме да го држиме ова ниво на квалитет."

Целата сесија ја водеше Сајнфелд, кој во неколку наврати со клизачи му влезе на Закерберг. Марк му објаснуваше на Сајнфелд како обожава да трча со својата ќерка Макс, "таа сака да трча со мене. Обожава. Мисли дека лета," на што Сајнфел му врати "Да, да, секогаш сум размислувал дека децата во тие количките за џогирање мора да си мислат 'сигурно касниме некаде.'"

First ever Live Q&A on Facebook! Leave questions and comments below.

Posted by Mark Zuckerberg on Tuesday, 14 June 2016
16 јуни 2016 - 08:30