Инфлуенсерката што за 7 дена направи продажба од 13,7 милиони долари

Користејќи ја опцијата за директен пренос на Доујин (кинескиот Тикток) корисничката Женг Шијангшијанг успева да продаде 10 милиони примероци од најразлични производи што ги промовира на своите преноси во вредност од над 13,7 милиони долари. И сето тоа изгледа многу поневеројатно отколку што звучи.

Се работи за повеќечасовни преноси во кои Женг минува максимум по 3 секунди за покажување на секој производ, и во тоа време секој производ го вади од кутија, го покажува пред камера, кажува како се вика и колку пари чини.

Производите што ги продава, и покрај луксузното пакување и кутии, се живо џабе главно во рангот од 10-20 јуани (1,4 - 3 долари).

Во видеата Женг редовно е во црн фустан пред купишта портокалови кутии, кои неодоливо потсетуваат на пакувањето на францускиот луксузен бренд Ермес, без разлика дали од нив ќе извади пакетче закачалки или чорапи.

Пазете ја продажбата:

15 ноември 2023 - 09:00