Илон Маск го вика Путин на муабет

Маск има нова омилена (и за сега ексклузивна) социјална мрежа, оваа посветена на аудио разговори, во која би сакал да го види и да разговара со рускиот претседател.

Се работи за социјалната мрежа Клубхаус, а ЦЕО-то на Тесла во неделата на Твитер директно се обрати до Твитер сметката на Путин, канејќи го на разговор.

Еден ден подоцна портпаролот на Кремљ, Песков, изјави дека понудата била интересна „меѓутоа треба повеќе да знаеме околу тоа и што предлага“, надополнувајќи дека Путин не користи социјални мрежи, ама ќе проверат за што се работи и ќе одговорат.

 

Маск претходно преку Твитер го викна и Канје Вест на разговор на Клубхаус.

Минатиот месец Маск го имаше своето деби на Клубхаус, каде меѓу останатите теми на муабет, тој имаше и дискусија со ЦЕО-то на Робинхуд, за улогата на компанијата во целото Гејмстоп лудило и одлуката на своите корисници да им забрани тргување со акциите на Гејмстоп.

Освен Маск, на Клубхаус се имаат закачено и Марк Закерберг и поранешниот ЦЕО на Микрософт, Стив Балмер.

15 февруари 2021 - 13:46