Гугл во 2017 гасел по 100 реклами во секунда

За малку да го олабават притисокот дека компанијата е виновна за половина од сите проблеми во општеството, како и заради борба чисто против „малвер и фишинг измами“, Гугл минатата година има блокирано 3,2 милијарди реклами.

Бројката блокирани реклами годинава сериозно ќе се зголеми откако „одделот за одржливи реклами на Гугл“ објави дека ќе ги засили мерките за спречување „лоши реклами“, односно по ново ќе гаси реклами за коцкање, криптовалути и замена на девизи.

По категории, од малвер измами доаѓаат 79 милиони од блокираните реклами, 66 милиони има од реклами што те прелажуваат (се местат) да ги кликнеш, а 48 милиони од реклами кои инсталираат штетен софтвер.

Заради реклами со нетолерантна, дискриминаторска или опасна содржина Гугл од својата платформа за реклами банирал 320.000 клиенти, плус 90.000 веб страни и 700.000 апликации се ставени на црна листа.

Инаку, Гугл и Фејсбук собираат половина од сите пари потрошени на интернет на реклами.

15 март 2018 - 16:44