Ако сакаш да го популаризираш Твитер, забрани го

Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.

Од ноќеска Турците твитаат за забраната (против неа и да покажат колку е неефикасна), и совети за тоа како да се заобиколи целата блокада.

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул, ја прекрши блокадата и твиташе за да го изрази своето несогласување со одлуката. Тој и претходно беше во конфликт со Ердоган на тема забрана на социјалните медиуми.

Турците успеваат да ја заобиколат забраната твитајќи преку СМС, со користење на ВПН или промена на ДНС за да изгледа како да твитаат од друга држава.

Ердоган му го собира на Твитер уште од протестите минатата година, ама филмот му пукна откако деновиве на платформата се појавија снимки од "наводни" негови телефонски разговори, во кој тој е снимен како:

- бара промена на анкетни резултати заради манипулација на јавното мислење.
- му било соопштено дека една опозициска партија била неколку пати тргната од еден телевизиски канал.
- барал отпуштање на луѓе кои размислувале спротивно од него.
- разговaра со син му, кој му кажува дека дома има околу 30 милиони евра.
- се обидува да го намести изборот за Врховниот суд.
- нарачува купување на голем сечач за хартија за уништување на документи.

Официјалната судска причина за блокирање беше судското барање на една Турчинка чии голи фотографии беа објавени на Твитер, кои компанијата одбила да ги избрише.

21 март 2014 - 17:35