Што се случи на европскиот самит?

Во ситните часови по полуфиналето меѓу Италија и Германија, италијанскиот премиер и германската канцеларка, на продолженија го играа веројатно најважниот натпревар во историјата на ЕУ.

Уште од старт прогласен за "технократ," Марио Монти покажа неверојатна дипломатска вештина во преговорите за спасување на земјите должници, и здружувајќи се со лидерите на Франција и Шпанија, успеа да ги извлече некои од најважните отстапки од најголемиот кредитор на Европа - Германија.

Еве што вклучува а што не вклучува договорот.

Вклучува:

- Италија и Шпанија полесно ќе добиваат помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), постојаниот фонд за финансиска помош кој треба да почне се работа на 1-ви јули. Земјите кои ќе ги исполнуваат постојните услови ќе добиваат помош без да треба да исполнуваат дополнителни предуслови. Ова е многу помалку мачно од условите што Грција, Португалија и Ирска треба да ги исполнат за да бидат извлечени од кризата.

- Европскиот механизам за стабилност ќе може директно да ги депонира парите во шпанските банки, наместо тие да треба да одат преку шпанската влада. Но ова ќе се случи дури откако ќе се формира банкарски супервизор на ниво на Европа. Ова е уште еден чекор кон комплетна банкарска унија.

- Даночните обврзници нема да добијат префериран статус на итните заеми за шпанските банки. Ова е големата промена. Со добивање на префериран статус, официјалните кредитори, добиваат повисок статус од приватните сопственици на банкарски обврзници. Знаејќи дека нивните побарувања нема да бидат први исплатени во случај на банкрот, сопствениците на обврзници бараа повисоки каматни стапки за нивна компензација. Заради ова беше речиси невозможно шпанските банки да соберат повеќе пари, освен преку официјални канали.

Што не вклучува:

- За сега барем, позајмувачите како ЕМС и понатаму ќе имаат префериран статус на кредитори, за нивните позајмици кон другите земји освен Шпанија.

- Европската централна банка нема направено ништо ново од монетарна страна за да ги надополни фискалните мерки. Во минатото, ЕЦБ одвојуваше пари откако фискалните власти на Европа јасно ќе покажеа некаков прогрес.

- Уште еден начин на кој ЕЦБ ќе може да ги олесни условите за кредитирање ќе биде започнување на трета рунда на долгорочно позајмување на банките.

- ЕЦБ ќе продолжи со купување на обврзници од проблематичните држави. Ова го прекина во февруари, под притисок на Германија.

- ЕСМ ќе има ограничен максимум од 500 милијарди долари, за помош на проблематичните земји. Ова не е така многу, бидејќи само Италија и Шпанија, заедно должат 2.400 милијарди долари за обврзници, сметки и позајмици.

- Освен Грција, ниту една друга држава не доби намалување на долгот.

- Германија се уште е против издавањето на евро-обврзници.

30 јуни 2012 - 14:26