Русија ја пушти нафтата на „акција“ во Азија

Кој денес потпише долгорочен договор за купување руска нафта, ќе добие попуст до 30%, е понудата од Русија за неколку азиски држави.

Прв што ја спомна руската понуда е индонезискиот министер за туризам, кој викендот објави дека Русија понудила да и продаде нафта на земјата „по цена 30% пониска од меѓународната пазарна цена“. Индонезијците ја разгледуваат оваа понуда, но стравот е дека ако ја прифатат САД ќе им закачат санкции.

Процената е дека акцијата се должи на американската иницијатива да се воведе граница за највисоката цена за руската нафта. Паралелно со ова Русија се обидува да врзе нови купувачи на нејзината нафта што ја продаваше и моментално ја продава во Европа.

Шестата рунда на санкции од Европа вклучува и забрана за купување на руска нафта која треба да започне на 5 декември.

Плановите за горна граница се главно Западни и имаат слаба поддршка посебно во Азија. Така, за Индија давањето поддршка за ограничување на цената е проблематично бидејќи ќе ја изгуби можноста да купи руска нафта со попуст и со тоа ќе и наштети на сопствената економија.

Една од предностите на ограничувањето според неговите поборници, е што како група државите ќе имаат подобра позиција за преговарање на подобри договори за купување нафта.

26 август 2022 - 10:02