Таг: руска нафта

Како Русија ги заобиколува санкциите за нафта и го полни буџетот

По неколку успешни месеци спроведување на ограничувањето на цената на руската нафта, сега сите од ЈПМорган до Светска банка се помирени дека санкциите на руска нафта веќе не функционираат, сето тоа поткрепено со бројки кои покажуваат намалување на рускиот буџетски дефицит.

Дупката во санкциите се вика „трошоци за испорака“

Г7 воведе горна граница за цената на руската нафта, која не смее да се купува поскапо од 60 долари за барел, и ова е почитувано од нејзините сојузници, вклучително и оние подалечните како Индија. Меѓутоа ЕУ не воведе горна граница за тоа колку руски танкер може да го наплати транспортот на нафтата.

Кои држави продолжија да купуваат руски фосилни горива по почетокот на инвазијата?

Од 24 февруари 2022 Русија има направено 315 милијарди долари од извоз на фосилни горива низ цел свет, од нив 149 милијарди се од ЕУ.

Британија „тивко“ увезува милиони фунти руска нафта

Само во јуни и јули годинава, на британските пристаништа е испорачана руска нафта во вредност од 94 милиони долари. Нафтата само на хартија нема руско потекло.

Како Русија може да го заобиколи ограничувањето на цената на нафтата од Г7

Неофицијалните граници на цената на нафтата од 40 до 75 долари по барел во времето на Трамп се одржуваа со комбинација на закани (повлекување на армијата од Саудиска Арабија) и награди (гаранции за зголемување на воената помош). Проблемот со овој пристап е што Саудиска Арабија ниту е нуклеарна сила, ниту е сред инвазија на европско тло.

Русија ја пушти нафтата на „акција“ во Азија

Кој денес потпише долгорочен договор за купување руска нафта, ќе добие попуст до 30%, е понудата од Русија за неколку азиски држави.

Западот сака да воведе „државна цена“ за руската нафта

Цената на руската нафта што се продава на Западот треба да биде ограничена на меѓу 40 и 60 долари за барел, и на тој начин да се стави крај на финансирањето на руската војна во Украина. Барем така планира Западот.

Тажната вистина е дека Путин ја добива економската војна

Постојат лоши политики, и постојат стварно лоши политики. Се прашував кога ќе се појави идејата за воведување на контроли на цените како средство за спречување на инфлацијата, и ете ја, се појави на последниот самит на Г7 лидерите.

Кој купува руска нафта и гас?

Статистиката за Русија за првите 100 дена војна во Украина е приходи од 97 милијарди долари. Или 977 милиони долари на ден, без разлика дали било работен, викенд или празник.

Кој прв ќе крахира, германската економија или Путин?

Тоа што почна како лошо претчувство околу намалениот доток на руски гас во Германија, сега се претвори во многу реален проблем откако Газпром го скрати дотокот на руски гас во Европа за 60% и изгледа дека ќе продолжи да го намалува.

Азорски острови, местото каде што руската нафта исчезнува

Како што повеќе се стегаат нафтените санкции против Русија, така се повеќе руски нафтени пратки сред Атлантикот исчезнуваат од радар. Само во изминатите две недели најмалку три руски танкери ги снемало од системите за следење бродови во моментот кога се приближиле до Азорските острови.

Естонија го зголеми извозот на нафта во Саудиска Арабија

Не, ниту еден дел од насловот не е погрешен. Да, Естонија извезува преработена нафта во Саудиска Арабија. Не, Естонија нема ниту една единствена рафинерија која би ја преработила нафтата.

Мапа на руски нафтоводи што го преживеаа 6-от пакет санкциите на ЕУ

За да биде појасна целата галама околу санкциите на ЕУ, Франкфуртер алгемајне цајтунг седна и педантно ги обележа сите руските цевки во Европа низ кои ќе продолжи да тече нафта. Вака на прв поглед мислиш само ги ископирале сите нафтоводи што Русија некогаш ги направила.

ЕУ се откажа од блокадата на превоз за руска нафта

Планот на ЕУ за нов пакет санкции на Русија ќе биде повлечен и преработен откако Европската комисија не успеа да ја убеди неколку членки да дадат поддршка.

А во бојкотот на Русија, дупка, за Шел

Кога товар руски дизел не е товар руски дизел? Одговорот е кога Шел, најголемата европска нафтена компанија, ќе го претвори товарот во она што трговците го нарекуваат „Латвиска мешавина“.

ЕУ ќе забрани увоз на руска нафта и гас?

Зеленски во текот на денот треба да им се обрати по видео-линк на членовите на Европскиот парламент, по што се очекува Парламентот меѓу другото да повика на забрана за увоз на руските енергенси.