Малезија ерлајнс со минус од 2 милиони долари на ден

Прво во март им се случи мистеријата со летот МХ370, која се уште не е разрешена, за минатиот месец летот МХ17 да настрада во украинско-рускиот судир. Сега компанијата не може да натера човек да и влезе во авион.

Компанијата и онака работеше во минус во последните 5 години, пред било која од годинешните несреќи воопшто да се случи. Сега, авио-компанијата секој ден губи по 2,16 милиони долари.

Во обид да собере народ, Малезија ерлајнс за два пати го зголемиле процентот што им го даваат на австралиските туристички агенции (од 6 на 11 проценти). На сето ова тие нудат и сериозни попусти во однос на другите авио компании. (Пребарување за лет од Куала Лумпур до Пекигн кај Малезија Ерлајнс дава цена од 238 долари, додека кај останатите компании таа е над 500 долари.)

На почетокот од месецов, малезиската државна инвестициска компанија најави откупување на останатите 31% од акциите од Малезеија ерлајнс што не ги поседуваат, и подоцнежна темелна реорганизација на компанијата, која сигурно ќе вклучува менување на името и ребрендирање.

26 август 2014 - 13:11