Италијанците и позајмуваат пари на Италија

Марио Монти реши да воведе "патриотски обврзници" за спасување на земјата, со чие купување граѓаните директно ќе даваат пари за полнење на буџетот. И таман кога сите се спремија да го критикуваат, парите почнаа да доаѓаат.

Во изминатиот период Италијанците дале 18 милијарди евра за државниот буџет преку купување на обврзниците.

За разлика од претходно, патриотските обврзници овој пат им се понудени на граѓаните и на малите штедачи, а не како што до сега беше случај да им се продаваат на банкарските институции.

Разликата во успехот на последната серија обврзници во однос на оние кои беа издадени на пролет, е што сега и меѓународните фактори изразија надеж за спасување на земјата, заради што граѓаните решија да купуваат.

Еден од главните фактори за бумот е најавата на Европската централна банка, дека ако затреба ќе откупува неограничени количини на обврзници на задолжените држави, тука вклучувајќи ја и Италија.

22 октомври 2012 - 08:59