Холандската централна банка го пријави првиот минус од 1931

Заради остриот скок на каматните стапки Холандската централна банка (ДНБ) минатата година ја завршила со минус од речиси половина милијарда евра, нешто што им се нема случено од 1931.

Минусот на ДНБ е последица на губење пари по основа на повисоки каматни стапки и помали приходи од обврзниците кои масовно ги купуваше изминативе години.

Не само што нивната позитивна серија е прекината по 90 и кусур години, туку банката не очекува ни дека ќе може да има каков било профит пред 2028.

Предвидувањата се дека банката во 2023 и 2024 ќе има вкупна загуба од 6 милијарди евра, а потоа притисокот ќе почне да попушта како што полека ќе почнат да стасуваат над 200 милијарди евра што банката ги има во еврообврзници.

Последната загуба на ДНБ пред ова се случува во 1931 и е последица на падот на вредноста на британската фунта која тогаш решава да се откаже од златниот стандард.

24 март 2023 - 10:52