Хјундаи за сите пари

За плац со површина од 8 хектари и за меракот седиштето да биде во центарот на Сеул, Хјундаи ќе плати вкупно 10,1 милијарда долари.

Плацот се наоѓа во елитната населба Гангам, и го купуваат од Korea Electric Power Corp. Ова е најголемата зделка за купување на земјиште во Азија од почетокот на финансиската криза.

Позитивната страна на зделката е што Хјундаи ќе го има најелитното седиште во однос на која било корејска компанија. Негативното е што:

- акциите на Хјундаи и двете компании во нејзината групација (Киа и Хјундаи мобис) по објавувањето на зделката изгубија околу 11,1 милијарда долари од вредноста на акциите.

- синдикатите се кренаа на бунт и најавија штрајкови за следната недела затоа што не се сложуваат со купувањето на имотот.

Во одбрана на Хјундаи во 27-те години како постои синдикат во компанијата, само во 4 години се случило да нема штрајк.

Од цената 55% плаќа Хјундаи Моторс, 25% се од Хјундаи Мобис и 20% од Киа Моторс. Парите што ќе ги дадат за земјиштето се еднакви на продажба на пола милион Хјундаи Сената, или на 2-годишните плати на 63.099 работници на Хјундаи.

26 септември 2014 - 12:27