Европа допрва ја чека мизерија

Пол Кругман, еден од главните економисти со кој се расправа цел свет, по хоби колумнист на Њујорк тајмс, по признанија добитник на Нобелова награда за економија, има крајно поделени чувства кон ЕУ и еврото, па иако се воодушевува на упорноста, тој не се сомнева во нивната пропаст.

Кругман генерално е песимист околу иднината на Унијата и верува дека ЕУ има "голема пристрасност кон дефлацијата," што според него наместо да предизвика колапс на системот, ќе доведе до долги години мизерија.

Двете изненадувања за Кругман се: колку лошо е управувана Европската Унија, и колку многу се посветени нејзините членки на успевање на идејата за Европска Унија и еврото.

1 септември 2016 - 17:28