Индиските ковид бројки во хрватски контекст

Не разбирам зошто медиумите имаат потреба на секои неколку месеци катастрофично да драматизираат ситуации од некои делови на светот. Прво беа луѓе кои се струполуваат по улиците на Вухан, па снимки од ломбардиска црква со наредени ковчези, па дека „Сараево падна“...

Два наслова од Јутарњи лист:

Светот го обиколуваат драматични сцени од Индија. Масовно се кремираат жртви, државата е во колапс (тука)

Потресна исповед на шеф на болница од најголемото светско жариште: „Ако постои пекол, ова е тоа“ (тука)

Се вика, експлозија - 314,835 новозаразени во еден ден - светски рекорд! Навистина звучи импресивно. Но, Индија има 1,4 милијарди жители. Тоа значи 225 новозаразени на еден милион луѓе. Хрватска во истиот ден имаше 2,885 новозаразени, а тоа е 721 на милион лица.

Хрватска има 3,2 пати повеќе новозаразени на милион луѓе од Индија.

Одиме понатаму, број на умрени? Во Индија на 22 април починале 2,256 луѓе со ковид а во Хрватска 46. На милион жители тоа во Индија е 1,6 а во Хрватска 11,5.

Хрватска има 7,2 пати повеќе починати од ковид од Индија.

Ако ситуацијата во Индија е толку катастрофална, ако е „тотален колапс“, ако луѓето масовно се спалуваат на улици, како би требало да е во Хрватска каде е од три до седум пати полошо? А во Хрватска, еве, нормално. Никој никого не спалува по улици.

Не разбирам зошто медиумите имаат потреба на секои неколку месеци катастрофично да драматизираат ситуации од некои делови на светот. Прво беа луѓе кои се струполуваат по улиците на Вухан, па снимки од ломбардиска црква со наредени ковчези, па дека „Сараево падна“... Која е целта? Не можам да се сетам на ништо друго освен на кликови.

Марио Накиќ

***********

Види и:

Индија е глобално предупредување, не локален проблем

27 април 2021 - 10:46