Албанските деца што не смеат да излезат од дома

Се проценува дека најмалку 900 деца во Албанија не смеат да ја напуштат својата куќа заради опасноста дека ќе бидат убиени во крвна одмазда што нивното семејство ја должи.

Дејли меил пишува за трите деца од селото Бардај (122 километри северно од Тирана) кои цел свој живот го минуваат во соба во својата куќа.

Децата на 12, 9 и 7 години, не одат на училиште, не одат на гости кај пријатели па дури не играат ни фудбал во дворот на сопствената куќа. Тие не излегуваат од дома заради крвната одмазда што ја чекаат други семејства заради претходно убиство што го извршил член на нивното семејство.

Крвната одмазда се верува дека потекнува уште од Средновековниот период и таа може да трае се додека сите машки членови на закрвените семејства не се мртви. Целата одмазда нема никаква врска со верата и таа подеднакво се практикува и од христијанските и од муслиманските верници во Албанија.

Според правилата убивањето на жени, деца и старци, технички е забрането ама во пракса и тоа се има случувано, што е една од причините зошто голем број деца низ земјата не смеат да го напуштат својот дом.

26 јануари 2013 - 16:50