Таг: владимир путин

@Russia му ја згреши мечката на Путин

Во желба што повпечатливо да му го честита роденденот на рускиот претседател, официјалната верификувана Твитер сметка @Russia го намонтира Путин до една масивна мечка, и сега Американците им фаќаат сеир дека мечката не била нивна.

Толку многу години, толку многу ништо

„Чисти трагедии и загуби“ за Вашингтон и авганистанскиот народ е исходот на 20-годишната окупација на Авганистан, гласи процената на Путин за штотуку завршената војна.

Многу веројатно, речиси сигурно, Путин има работено Трамп да стане претседател на САД

Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.

Путин: Кој си вика, за себе си вика

Коментарот на Путин околу ставот на Бајден дека рускиот претседател е убиец, е дека тоа е само одраз на минатите и сегашни проблеми на САД.

Танцувањето со Путин беше даровно за поранешната австриска министерка

Карин Кнајсл во 2018 е министерка за надворешни работи на Австрија кога на својата свадба го кани Путин, а и танцува со него. Денес Кнајсл е номинирана за нов член на бордот на директори рускиот нафтен гигант Роснефт.

Поранешниот капитен на Македонија Митрески: „Путин е многу почитуван во нашата земја“

Македонија може да се пофали дека низ годините имала добри стопери кои нè претставувале во Европа. Таков беше Игор Митрески кои меѓу првите од нашите репрезентативци играше во модерната Лига на шампиони.

Илон Маск го вика Путин на муабет

Маск има нова омилена (и за сега ексклузивна) социјална мрежа, оваа посветена на аудио разговори, во која би сакал да го види и да разговара со рускиот претседател.

На Путин во подземниот бункер му направиле огромен терен за хокеј на мраз

Во Русија деновиве актуелна е темата која што ја потегнал опозицискиот лидер Алексеј Навални кој зборувал за раскошниот таен дворец на претседателот Владимир Владимирович Путин кој важи за голем љубител на хокеј.

Ако бевме ние, немаше да остане жив

Труењето на Алексеј Навални да беше дело на руските тајни служби, тој немаше да остане жив како што е во моментов, изјавил рускиот претседател во врска со целата афера.

Како Путин им влезе под кожа на Американците

Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.

Светот создаден од Путин

Во исто време кога во декември 1989 Германците од Истокот беа собрани пред штабот на Штази во Дрезден, „пријателите“ на Штази од КГБ Дрезден, сместени во блиската вила, франатично се трудеа да запалат што е можно повеќе од својата документација. „Толку многу работи запаливме, што печката експлодира,“ подоцна ќе раскаже еден од КГБ офицерите присутни во вилата, а денес руски претседател, Владимир Путин.

Оди па одбиј му состанок на Путин

Рускиот претседател се тестира секој ден откако пред некое време беше објавено дека еден доктор со кој имаше личен контакт е позитивен на ковид-19. Исто така рускиот претседател се уште држи состаноци во Кремљ како на времето.

Како Путин го искористи пеналот наместен од ЕУ

Веднаш по завршувањето на разговорот со очајниот италијански премиер, Путин наредува товарање руска помош на воени авиони и испраќање директно во Италија. Претходно ЕУ имаше неброени шанси да го спречи овој телефонски разговор.

На Путин не му се допаѓа што е „Путин“

Култот на личноста што се создава околу Путин, посебно по последното можно продолжување на мандатот, ни најмалку не му се допаѓа на Путин, соопштуваат од Кремљ по 20 години власт на Путин.

Путин прифати ресетирање на броењето на претседателски мандати

Доколу тоа биде изгласано од Думата и одобрено од рускиот уставен суд Путин е подготвен повторно да се кандидира за претседател на Русија и по завршувањето на последниот мандат во 2024. Путин ова го потврди во говор пред руските парламентарци, кои денес предложија бришење на неговите досегашни мандати.

Путин уште му чува грб на Сталин

Во целото туркање меѓу Западот и Русија, Европскиот парламент минатата година донесе резолуција која ги изедначува нацистичка Германија и Советскиот сојуз како одговорни за почетокот на Втората светска војна, истиот Советски сојуз што имаше над 27 милиони жртви во војната против Нацистите, меѓу нив и братот што рускиот претседател никогаш не го запознал.

Путин ќе пушти бонуси за воени ветерани од пред 75 години

Сите руски воени ветерани од Русија и Балтичките земји ќе добијат еднократен надомест за нивното учество во Втората Светска војна по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.

Шамани против Путин

Сибирски шаман ги повика поддржувачите од цел свет да му се приклучат во неговиот трет обид да го истера Путин од власт во Русија. Прочистувањето на Кремљ од Путин е закажано за пролетва.

КГБ „свидетелството“ на В.В. Путин

Рускиот претседател бил „исполнителен, дисциплиниран и совесен“ како шпион ка КГБ, покажува неодамна декласификувана работна проценка од некогашната советска тајна служба.

Како на Путин му засмета глобалното затоплување

Иако главно трагично за остатокот од светот, за Русија глобалното затоплување го отвори пристапот до арктичката нафта. Сега стравот е дека истото ова затоплување последниве години малку претера со отворањето.

Путин се понуди да и помогне на Саудиска Арабија, со С-400

На Саудијците дронови им уништија една од клучните нафтени постројки на земјата, а според Путин тоа никогаш не би се случило доколку располагаа со С-400 одбранбениот систем.

Путин шара околу уште еден мандат

Како што денес стојат работите (и рускиот устав) Путин во 2024 оди во пензија. Како што денес стојат работите никој не може да замисли ова да се случи.

Путин ја одбил нарачката на Иран за С-400

Барањето на Иран за купување на одбранбениот систем било одбиено главно затоа што Русија е свесна на напаленоста на сегашната американска администрација да отвори уште една војна во Персискиот залив.