Таг: велосипеди

Кациги на точак? Ставете си во Собрание!

Некои малоумници со слободен пристап кон носење нови а глупи регулативи, во последно време се занимаваат со идејата да воведат задолжителна употреба на кацига (шлем) за велосипедистите. Се разбира, само на бетонирани глави не им е јасно дека главниот ефект на еден ваков пропис ќе биде намалување на бројот на велосипедистите, една од ретките позитивни промени во овдешното урбано живеење.

Избран најградскиот велосипед

Американски дизајнерски студија (за индустриски дизајн), се поврзаа со американски производители на велосипеди и изработија неколку концепти за следниот модел на урбан велосипед. Публиката со гласање требаше да избере кој модел ќе почне масовно да се произведува. Тие се решија за "Denny."

Што е со кацигите за точак, и зошто не треба да напнувате со нив

Прво, носење кацига на точак само ги одбива луѓето од користењето велосипед. Второ, возењето велосипед не е посебно опасна форма на транспорт во смисла на повреди на глава. Трето, иако кацигите помагаат во случај на несреќа, тие во исто време ги зголемуваат шансите да се најдеш во несреќа.

Кодот на катанецот за велосипед

Производителот (Forever Lock) тврди дека не постои човек што може да го отвори ова без клуч (сите фори со брусилици, бонсеци и слично, не важат). Го изгледавме видеото и му веруваме на човекот што збори. Јапонско е.

Критична маса картон

Картонски кациги се новата надеж за чување на главата на велосипедистите. Инспирирани од клукајдрвецот а изработени како кај пчелите.

МИТ повторно го измисли тркалото

Изумот е производ на заедничката работа на највелосипедскиот град на светот, Копенхаген, и на некои од најпаметните луѓе на светот, МИТ.

Економија на град со велосипедисти

Возењето велосипед може да ја спаси целосната светска економија, а комплетниот процес е објаснет во книгата Bikenomics: How Cycling Can Save The Economy. Во основа има 5 клучни аргументи.

Европа до уши заљубена во велосипеди

На страна традиционалните светилишта на велосипедизмот, како Холандија и Данска, во речиси секоја членка на ЕУ веќе се продаваат повеќе нови велосипеди отколку автомобили.

Половен точак за секој велосипедист

Во организација на самите себе, велосипедистите од Загреб одлучија секоја сабота да се собираат на плоштад и на нешто како мини-саем да видат на кој што му треба околу велосипедот (делови, помош, информации...).

Градот што се движи на две тркала

Како би изгледал град во кој #наточак трае 24/7? Би бил со многу насмеани луѓе, што се многу задоволни од себе и имаат многу разбирање за сите околу себе а.к.а. Амстердам.

На точак за библиотеки

Сycling for libraries (C4L) е меѓународна неформална група која обединува велосипедисти, професионални библиотекари и љубители на библиотеки. За да укажат на важноста на овие институции за развојот на општеството, тие од вчера ги јавнаа точаците, и тргнаа на пат долг 400 километри.

Вело: Втора брзина

Благодарејќи на технолошкиот напредок, дизајнерите на велосипеди сега можат да користат материјали како дрво, бамбус, карбон-фајбер, па дури и картон, во создавањето на досега невидени форми. Некој напишал и книга за ова и во неа ги одбрал најубавите.

Cycleplex: велосипедското кралство на Гугл

Епл, Фејсбук, ЛинкдИн и слични компании од Силициумската долина имаат корпоративни флоти на велосипеди, меѓутоа ниту една од нив не може да се спореди со возниот парк на Гугл.

Еротика #наточак

"Луѓето кои живеат во големите градови стануват се посвесни дека е подобро да се има убав велосипед отколку автомобил," изјавуваат од Cicli Berlinetta, берлинската компанија создавање убави велосипеди.

Автопатот за велосипеди од 1 милијарда евра

Посебни патеки за велосипеди (ама само за нив, без мешање од пешадија) кои ќе ги поврзуваат двата краеви на Лондон, се дел од планот на градоначалникот Борис Џонсон за претворање на Лондон во најатрактивен град за велосипедисти.

Можело значи

Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.

Зошто е толку тешко да се најде украден точак?

Кражбите на велосипеди се еден од најслабо решаваните криминали во САД иако вредноста на украденото не е занемарлива и ФБИ ја проценува на 350 милиони долари годишно. Одговорот на полицијата зошто е тоа така е како во охридскиот виц за џуџињата: немат луѓе.

Црвениот крст на бандаж

Само што се олабави од обвинувањата за трошење пари од донации на ручеци и БМВ-а, кинескиот Црвен Крст сега заглави на велосипеди.

Додека ние турираме во место

Не Амстердам туку Копенхаген во последно време важи за град во кој велосипедистите можат да се чувствуваат како дома. Педантните Данци пресметале и фактичка вредност на убавата навика. Да педалат Американците колку нив, САД би добиле 17 милијарди годишно.