МИТ повторно го измисли тркалото

Изумот е производ на заедничката работа на највелосипедскиот град на светот, Копенхаген, и на некои од најпаметните луѓе на светот, МИТ.

Официјалното име му е Тркалото Копенхаген, се монтира како задно тркало на вашиот велосипед и цело време додека возите тоа трпеливо собира енергијата за да ви помогне кога ќе ви дојде зорт (во форма на угорница или ако имате уште некој на точак).

На вас е само да го купите тркалото (првите модели се по 700 долари), по што тоа ја врши целата работа: само ве следи каде и како возите, само се полни и само (врз основа на тоа претходно како сте возеле) решава кога ви треба помош. Во него има вградено литиумска батерија, ВиФи, мотор, различни сензори и систем за заклучување.

Има и посебна апликација за него на која може ги следите фитнес статистиките од вашето возење, а служи и за заклучување на велосипедот. (Задното тркало се блокира се додека не го отклучите преку апликација.)

Продажбата треба да почне некаде во првиот квартал од 2014-та.

6 декември 2013 - 13:06