Автопатот за велосипеди од 1 милијарда евра

Посебни патеки за велосипеди (ама само за нив, без мешање од пешадија) кои ќе ги поврзуваат двата краеви на Лондон, се дел од планот на градоначалникот Борис Џонсон за претворање на Лондон во најатрактивен град за велосипедисти.

Идејата не е само обична патека или обележан дел од тротоар, туку цела автомобилска лента која со мини тротоар ќе биде одделена од улиците и на која нема да биде дозволено ништо друго освен велосипеди.

Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон, со ова сака да го промени имиџот на велосипедизмот и него да го приближи и до почетниците, кои сега ќе имаат патека на која ќе можат да го усовршат своето возење и да го користат велосипедот како превозно средство за низ град без да стравуваат дека ќе настрадаат во сообраќајот.

Проектот треба да биде готов во следните 4 години, а велосипедските патеки ќе се постават над или паралелно со линиите на подземното метро и автобускиот превоз, "за секој да знае каде вози."

8 март 2013 - 21:38