Европа до уши заљубена во велосипеди

На страна традиционалните светилишта на велосипедизмот, како Холандија и Данска, во речиси секоја членка на ЕУ веќе се продаваат повеќе нови велосипеди отколку автомобили.

Во 2012-та за прв пат во историјата во Шпанија се продадени повеќе велосипеди отколку автомобили. За прв пат од Втората светска војна истото се случува и во татковината на Ферари, Ламборџини и Алфа.

Белгија и Луксембург се единствени две земји од 27-те членки на ЕУ во кои има продадено повеќе автомобили од велосипеди (за Кипар и Малта немаат податоци).

Најдрастична разлика има во Романија каде на 380.000 продадени велосипеди има само 72.000 продадени автомобили. Во Грција односот е 320.000 спрема 58 илјади, а во Словенија во 2012-та продадени се 250.000 велосипеди, наспроти 50 илјади автомобили.

На прво место по продажба во Европа е Германија со 3,96 милиони велосипеди. Таму не им оди лошо и на автомобилите, кои во 2012-та биле продадени во 3,08 милиони примероци.

26 октомври 2013 - 10:50