Вело: Втора брзина

Благодарејќи на технолошкиот напредок, дизајнерите на велосипеди сега можат да користат материјали како дрво, бамбус, карбон-фајбер, па дури и картон, во создавањето на досега невидени форми. Некој напишал и книга за ова и во неа ги одбрал најубавите.

"Velo—2nd Gear ги нагласува и слави различните сцени на модерната велосипедска култура, која опфаќа од хај-тек тркачки машини и градски велосипеди кои станаа модни додатоци, до велосипеди намени за сериозна работа. "

Во книгата се покриени повеќе познати произведувачи на велосипеди, ама и специјализирани "бутици" и историски патеки. Таа ја обработува и комплетната култура од изборот на одреден рам до дресови, капи или торби за долги патувања.

La Boriosa
Сместен во Тревизо, Biascagne Cicli прави велосипеди по нарачка, најчесто со една брзина и ги изработува од користени или винтиџ компоненти. Компанијата себе си се опишува како "двајца момци и гаража. Или маскота и уште еден што има златни раце за работа со дрво."

Universal Bike
Universal Bike (од Бруклин) премиерата ја имаше на Орегон Манифест во 2011. Направен е од Мануел Саез.

36 Volt
Создаден од германскиот бренд Electrolyte, велосипедот има рачно изработена рамка од алуминиум или титаниум или карбон. Во него е сместена батерија од 36 волти, која напојува мотор од 250 вати. Кога моторот не е активиран, велосипед функционира само во една брзна.

Electronic Bike
Архитектот од Германија, Хади Техерани, открил како да смести батерија на полнење во рачките на велосипедот. Тој исто така вградил и брзинометар и лежиште за Ајфон.

Bough Bike
Холандскиот дизајнер Јан Гуневег во својот дуќан во Алкмар создава уникатни дрвени велосипеди. Наскоро планира да пушти во продажба линија на дрвени велосипеди со ниски цени.

764
Петар Лаибахер од германскиот бренд Пелагро, содава велосипеди по нарачка уште од 2008-ма. Инспирацијата за ултра аеродинамичниот 764 му се рамките на Дукати моторите.

Shape Field Bike
Студиото од Сан Франциско Shape Field Office, во соработка со Николас Ридл, изработувач на рамки и основач на Urban Mobility Lab во Калифорнија колеџот за уметности, го изработија овој модел на градски велосипед.

Z Bike
Уште од основањето во 1911. Skeppshult ја зачувува својата автономија на производство. За Z Bike, компанијата соработува со индустрискиот дизајнер Бјорн Далстром, за да го создаде "елегантниот велосипед со високо квалитетни компоненти и архитектонска рамка."

Cargobike
Дело на дизајнерот од Утрехт, Елиан Велтман, ова е еден од најелегантните товарни велосипеди. Изработен за Elian Cycles има 5 брзини и осовина за управување која ја елиминира потребата од предна виљушка.

X-9 Nighthawk
Инспириран од стелт авионите, Бран Мерес го изработува велосипедот во своето студио во Братислава, каде дизајнира рамки од карбон и бамбус.

Thonet Bentwood Concept
Легендарните производители на мебел, Thonet, го ангажираа Енди Мартин и неговото студио за изработка на ограничената верзија на велосипед. Неговиот изглед треба да ги спојува методите за производство на столици што Мајкл Тонет ги користел во 1830-та и технологијата од 21-от век. Дрвената рамка составена од повеќе делови е сместена на бандажи од карбон. Велосипедот чини 70.000 долари.

 

13 мај 2013 - 18:07