Михаел Шумахер една година подоцна

Пред 365 дена, во местото Шоле на Алпите, најтрофејниот пилот во Ф1 отиде на патеката Мерибел на скијање со синот и пријателите, на само 10 минути од неговата вила.

Шумахер е домашен на патеката на планината Ден ду Бурџин (2.739 метри). 7-кратниот Ф1 шампион ги преминувал сите пречки на пистата, но во еден момент се оддалечил од патеката и при падот удрил во карпа која го исфрлила цели три метри, за да удри и во друг камен. Состојбата му била драматична, по што со хеликоптер каде добил вештачко дишење, го префрлиле во Гренобл.

Од првиот ден на згрижување во болницата во францускиот град, Шумахер имал мозочно крвавење. Го оперирале два пати за два дена, по што лекарскиот тим изјави дека е многу тешко да преживее.

На 3. јануари, денот на 45. роденден на Шуми, стотици навивачи на Ферари дојдоа до прозорецот од неговата болничка соба, за да им дадат поддршка на нивниот идол и неговото семејство. Состојбата на шампионот веќе една година е под строга приватност, а во најдраматичните денови од неговиот живот стигнуваа само официјални соопштенија во кои се зборуваше за неговата екстремно тешката состојба.

„Михаел ги отвори очите и следи што се случува околу него", изјави Фелипе Маса, тимскиот колега и најдобар другар на Шуми во април после трката во Бахреин. Во јуни годинава, Германецот беше префрлен од Гренобл во Лозана, во универзитетската болница во кантонот Во, каде главен град е Лозана.

„Михаел е парализиран, во инвалидска количка, тешко зборува и има проблеми со памтењето", изјави Филип Штрајф, поранешниот Ф1 пилот кој по несреќата на една трка во 1989. остана неподвижен, во инвалидска количка.

Менаџерката на Шумахер, Сабина Кем ги демантираше овие информации како официјални и наведе дека Штрајф самиот ги извел овие заклучоци, затоа што нема никаков контакт со семејството на Шуми.

Уште еден трагичен настан се случи неколку дена подоцна. Еден од чуварите на швајцарската брза помош го украде здравствениот картон на Шумахер, за да го продаде на европските медиуми. Полицијата го фати и го уапси, по што веднаш бил осуден на затворска казна. Крадецот се самоубил во затворот уште првиот ден кога дошол да ја отслужи казната во Цирих.

Денес, ситуацијата е иста со онаа од првите денови. Шуми лежи во неговата куќа во Гланд, каде го префрлија во септември годинава. Шуми е надгледуван од сопругата Корина, од десетина сестри и болничари, како и од Жан Тод, извршниот директор на ФИА.

Лична Карта: Михаел Шумахер
Роден: На 3. јануари 1969 година во Хирт (Западна Германија)
Прва ГН победа: Белгија 1992-ра
Последна ГН победа: Кина 2006-та
Почнати трки: 303
Победи: 91 (155 подиуми)
Шампионски титули: 7 (1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004)

29 декември 2014 - 15:49