Која е Холи Холм?

Ќерката на свештеникот која што ја тргна од престолот неприкосновената Ронда Роузи во разговор за сајтот GQ раскажува колку ѝ се сменил животот по триумфот во Австралија.

Холи Холм, ќерката на свештеникот е уморна. Ова не е изненадувачки затоа што откако не само што ја порази, туку ја уништи УФЦ кралицата и миленичката во САД Ронда Роузи, нејзиниот живот доби друга димензија.

И покрај вообичаените тренинзи на кои ги учи Кели и Мајкл како да го изведат ударот The Kick, Ронда Роуз веќе некое време е во фокусот на медиумите од Западниот Брег во САД. Дружби со Марио Лопезес и Лери Кингс, па натпревар на Клиперс во друштво на Флојд Мејведер и пиано лекции со Џејми Фокс. Една вечер излегла и со Џеј Зи и Бијонс.

Сето тоа по само еден лет од САД до Австралија, каде ја доби најголемата борба во кариерата, по месеци и месеци напорни тренинзи.

Прво што треба да знаеме за Холи Холм е дека таа е пред се борец. Самата вели дека нејзина главна цел во рингот е да нападне, што звучи лудо ако се знае дека Холи во УФЦ дојде како жена сопственик на повеќе титули во бокс и која што две години по ред беше прогласена за Борец на годината според магазинот Ринг. Во некои иронични коментари можеше да се прочита дека поразот на Ронда се должи на тоа што не тренирала доволно, била дефокусирана, многу време поминала на снимање филмови и била фатена во светлата на Холивуд.

Холи Холм вели дека тренингот за борба е стресен. Толку стресен што понекогаш паѓаш на земја и плачеш.

Како ти изгледаше?

„Ментално и физички е тешко да тренираш за борба, но и натаму би го правела тоа наместо да снимам филмови".

За што станува збор во проектот?

„Се вика Долина на борбата. Сигурна сум дека нема да биде којзнае каков договор. Крис Сајборг и Миеша Тејт се во проектот, што е кул".

Се појавуваш како камео (позната личност се појавува на филм) или играш одредена улога?

„Не, не сум камео, играм професионален борец".

Ајде да зборуваме за Ударот. Ударот ќе влезе во историјата како беспрекорен и мистично убав, во извесна смисла еден метар исправена мускулна маса и коски до главата на Ронда Роузи, кој го прекина подемот на шампионката која падна доле како Икар во морето.

Не е првпат Холи Холм да го изведе Ударот. Изгуглајте некогаш Џули Вернер или Алана Џонс. Ниту една од нив не е Ронда Роузи, но кога ќе ја нокаутирате Ронда Роузи, името наеднаш ви се појавува до името на Бастер Даглас или Дејвид Тајри.

Ден после борбата со Ронда, Холи со друштвото го напуштиле медиумскиот циркус и отишле на тура до местото 12 Апостоли на Океанот во Австралија. Изнајмиле возило за целата маршрута.

„На враќање, не забележавме дека сме на нула со бензин. Веќе се стемнуваше, а на патот немаше ништо. Видовме фарма и одлучив да побарам помош. Татко ми израснал на село, и знам дека понекогаш чуваат бензин за нивните трактори. Само им реков на другарките застанете овде, никогаш не знаете. Излезе човек и ни наполни неколку галони со бензин".

Холи се разликува од Ронда Роузи на многу начини. Поранешната шампионка Роузи е гласна, бучна и сака да биде во центарот на вниманието. После борбата, Роузи по социјалните мрежи ја навредуваше „ќерката на свештеникот“. Од друга страна, Холи Холм, пишува новинарот, делува како девојка која попрво би сакала да остане на таа фарма на океанот во Австралија, отколку повторно и повторно да зборува за себе во интервјуата.

2 декември 2015 - 16:43