Грожан се сретна со луѓето кои му спасија живот

Пилотот на „Хаас“, Роман Грожан го посетил меѓународниот аеродром во Бахреин каде се сретнал со луѓето кој му спасија жива глава во страшната хаварија минатиот викенд.

На Гран-прито во Бахреин, Грожан страшно удри во бариерата со брзина од 221 км/час и 27 секунди беше во оган од запалениот болид. Францускиот пилот успеа да се извлече од хаваријата а медицинскиот тим и маршалите му помогнаа да се евакуира од опасната зона.

Грожан се сретнал со нив и им заблагодарил за пожртвуваноста:

„Фала ви што ми го спасивте животот“.

Французинот ќе го пропушти Гран Прито за големата награда на Сахир во Бахреин во недела. Грожан има 34 години и најави повлекување од Формула1, така што трката за ГН на Абу Даби би можела да биде последна во неговата кариера. На негово место викендов ќе вози 24-годишниот Бразилец Пјетро Фитипалди.

Како ли го преживеа Грожан овој пекол? 

Критикуваната заштита која му спаси живот на Грожан

4 декември 2020 - 13:29