Горан Иванишевиќ: Запад не сака толку моќен човек како Ѓоковиќ

Освои 20 гренд слем титули, колку Надал и Федерер, држи еден куп рекорди, го сакаат милиони обожаватели, стекна светска слава, ама се добива впечаток како на некој да му смета.

По освојувањето на минатогодишното издание на Австралија опен, каде е неприкосновен рекордер со 9 трофеи, за третманот на Новак Ѓоковиќ уште тогаш зборуваше неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

По враќањето од Мелбурн, прославениот хрватски тенисер најпрвин ги сумираше впечатоците:

„Впечатоците се одлични по освојувањето на Австралија опен. За 42 дена видовме сè и сешто. Можеби најтажниот момент во историјата на тенисот, започнувате со публика, а половина меч останувате без публика. Како во „Пепелашка“, магијата исчезнува пред полноќ, па тој „локдаун“, два дена без публика, па повторно се врати публиката. Организаторите завршија одлична работа, навистина се погрижија сите да се чувствуваме удобно“.

Па застана во одбрана на Новак кој претрпе критики за време на турнирот.

„Повторно удирааа по него затоа што тој беше единствениот кој се обиде да ги одбрани играчите и да подобри нешто за нив. Потоа имаше несреќна повреда на средина од турнирот, па имаше четири тешки натпревари. Ги знаеше последиците, рече дека е таму за да победи. Тука најважна е главата на Новак“.

И на крај се осврна и на третманот на Новак Ѓоковиќ од страна на медиумите.

„Западот не сака толку моќен човек, кој има армија обожаватели и кој се осмелува да го каже тоа што го мисли. Верува во своите ставови и е опасен за западот. Некако тоа почна од првиот локдаун, па преку Адриа купот, не ни знам што всушност се случи таму. Тука е и несреќниот УС Опен и лошото финале на Ролан Гарос и крајот на сезоната.

Потоа дојде приказната за измислување повреда. Какво измислување на повреда? Човекот води со 2:0 во сетови и сега би измислил повреда за да го добие Тејлор Фриц. Кога тоа го прават некои други, тоа е херојски чин и се вели „секоја чест“. Но, тој успеа. Потроши многу енергија, му помогнавме да не се отповарува со тие работи. Сето тоа го разбуди, му даде дополнителна мотивација и сила, а тоа се виде и на теренот“.

Ѓоковиќ останува во Австралија, судот нареди да го пуштат од притвор

Драмата нема крај, Ѓоковиќ пред апсење и депортација

Колата на Ѓоковиќ опколена од навивачи, ситуацијата тензична

10 јануари 2022 - 12:07