Фотографија вредна осминафинале

Македонската ракометна репрезентација и математички е во топ 16 на Мундијалот во Франција, а тоа се должи на ремито меѓу Тунис и Словенија 28:28. На Тунис му преостана уште дуелот против Ангола, по кој и да победи не може да биде пред нас на табела па макар и да ги загубиме последните два дуели.

Кире и другарите објавија слика на која го прославуваат четвртиот пласман во втората групна фаза на Светските првенства. Следниот предизвик е да се избегне четвртата позиција во групата со што би ја избегнале во осминафиналето Франција, која е фаворит број 1 да остане лидер во групата А. Како трети би играле со Норвешка која е главен претендент за второто место во својата група.

17 јануари 2017 - 21:32