Вардар повторно со Кјелце и Рајн Некар, Металург со незгодни противници

По извлекувањето на ждрепката за женската, во Данска беа извлечени и групите за новата сезона и во машката Лига на шампиони која стартува на 21 септември.

Македонскиот шампион доби полесна група од лани во која играше против Барселона, а избегна и екипи како Веспрем, ПСЖ и Кил. Вардарци ќе се сретнат со четири противници со кој се сретнаа и лани во групната фаза, тоа се Рајн Некар, Кјелце, Пиг Сегед и Кристијанштад.

За Металург работите ќе бидат потешки, бидејќи ќе се натпреварува во незгодната група Ц во друштво на Ла Риоха, Чековски Медведи и Монпелје. 

Група А: Веспрем, Барселона, ПСЖ, Силкеборг, Висла Плок, Фленсбург, Кадетен Шафхаузен и Кил

Група Б: Рајн Некар Левен, Киелце, Вардар, Загреб, Брест Мешков, Пик Сегед, Цеље и Кристијанштад

Група Ц: Натурхаус ла Риоха, Металург, Чековски Медведи, Монпелје, Елверум и квалификант 1

Група Д: Нант, Холстебро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Динамо Букурешт и квалификант 2

Првото коло ќе се игра во периодот од 21 до 25 септември.