Таг: рк металург

Што правеа ракометарите на Металург 43 часа во автобус?

Ова не е вест од 1960-та, туку 2020-та или поточно Ковид невреме во кое ниту за спортски натпревар од европски карактер, не може да се патува нормално на гостување. На Металурзите им се случи патешествие како на апсолвентска.

Денот кога Барселона не знаеше кај се наоѓа против Металург

Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.

Мајсторијата на Шилегов

Металург загуби 30-24 во последното коло од Лигата на шампионите но еден погодок на Мице Шилегов на овој меч, влезе на листата најдобри 5 на колото.

Металург промаши 5 пенали и изгуби тесно од Бешикташ

Ракометарите на Металург го претрпеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако во осмото коло од групната фаза изгубија од Бешикташ со само еден гол разлика: 23-22.

Металург солиден, но Спортинг ги однесе бодовите за Лисабон

Ракометарите на македонскиот вицешампион не успеаа со уште една победа да крунисаат добра игра во 7. коло од Лигата на шампионите против Спортинг од Лисабон - 24:31 (18:17).

Освежениот Металург до прва победа во Лига на шампиони

Без својата ведета Халил Јагањац кој направи голем и заслужено заработен трансфер, ракометарите на Металург во 6. коло од ЛШ, со три нови лица, ја остварија првата победа - во Скопје совладан Чеховски Медведи со 25-24.

Продолжува агонијата на Металург

Ракометарите на Металург не успеаа да се опорават од лошата серија ниту во петтото коло од Лигата на шампионите. Најновиот пораз го претрпеа од Чеховски Медведи.

Неславна екскурзија за Металург во Данска, пораз од 8 гола разлика

Четврти меч - четврти пораз за момците на Данило Брестовац во Лигата на шампионите. Силкеборг - Металург 33-25 (16-14). Шанса за први бодови ќе се бара во следното коло против Чеховски медведи.

Ни нема рамни за цепелини

Кога се во прашање цепeлините, како еден вид најатрактивен погодок во ракометот, да не знае човек кај попрво да се сврти и да гледа. Мајстори се и Вардарци и нашите репрезентативци, а еве ги сега и Металурзите и тоа пазете од гол на гол, што е огромна реткост. Томовски го пронајде Токиќ, а голот е прогласен за најубав на мечот од СЕХА лигата кој тимот од Автокоманда го загуби од Загреб на Лино Червар.

Салата на Вардар не му се посреќи на Металург

Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.

Бешикташ се прошета низ Скопје, нов пораз за Металург

Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.

Математиката за да обезбедиш преноси од ракометна ЛШ

И покрај тоа што Металург стана ракометен бренд низ годиниве и стигна до топ 8 во ЛШ со помош на Лино Червар, а Вардарци ја покорија Европа и го кренаа на нозе цело Скопје, македонската публика сезонава нема можност да ги гледа, барем не на македонски канал. Причините лежат во скапите тв права за наши услови.

Металург не издржа 60 минути во Лисабон

По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.

Пеколно тешка група за Вардар во Лига на шампиони, Металург задоволен

Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.

Металург не успеа да се избори за достоинствен финиш во ЛШ

Со нов пораз, вкупно шести во низа, ракометарите на Металург ја завршуваат сезоната број 9 во Лигата на шампионите.

Дебакл на Металург во последниот меч пред своја публика

Со Лино Червар на трибини и без никакви шанси за продолжување во втората фаза од Лигата на шампионите, Металург одигра натпревар без душа во претпоследното коло од групната фаза и заслужено загуби со 22:30.

Металурзите капитулираа во Истанбул

По поразите од Чеховски Медведи и Монпеље, македонскиот вицешампион го нанижа и третиот пораз по ред во Лигата на шампионите, а тоа значи крај за надежите во осминафинале.

Монпелје прејак за борбениот Металург

Ракометарите на Металург го претрпеа и четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје беа поразени од лидерот Монпелје со 21-27.

Металург потклекна пред Чеховски Медведи

Рускиот состав успеа да му се реваншира на Металург кој пред десетина дена славеше на гости. Вечерва во „Борис Трајковски“ 26-29 (12-17) за Чеховски Медведи. Следен предизвик на момците на Јовиќ е лидерот Монпелје на 12-ти месецов.

Металурзите го преслушаа рускиот првак во 100-от меч од ЛШ

По триумфот против Спортинг и ремито со Мотор Запорожје, ракометарите на Металург ја продолжуваат позитивната серија во Лигата на шампионите. Во својот јубилеен меч од елитното натпреварување, тимот од Автокоманда славеше на гости протв аутсајдерот Чеховски Медведи.

Витешка игра на Металург за реми во Украина

Без Лино Червар кој замина во Загреб за да ѝ се посвети на репрезентацијата на Хрватска и без капитенот Филип Кузмановски, избраниците на одличниот тренер Александар Јовиќ ремизираа со големиот фаворит Мотор Запорожје во Украина 

Децата на Червар умеат и со цепелини

За најатрактивен момент на средбата меѓу Металург и Спортинг 28:27 може слободно да ја прогласиме контрата во седмата минута од вториот дел. Актери беа Вања Илиќ кој се ослободи од својот чувар и го зебележа сам 20 годишниот Мартин Велковски кој ја крена на нозе публиката во Борис Трајковски.

Премиерна победа на Металург во ЛШ

По поразите од Монпеље на гости и Бешикташ дома, ракометарите на Металург стигнаа до првите бодови оваа сезона во елитното натпреварување. И покрај шпекулациите за неговото заминување, Лино Червар се врати од Загреб за мечот против Спортинг.

Бешикташ ги однесе бодовите од Скопје, Металург поразен

Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург загуби од условно аутсајдерот на овој меч, Бешикташ со 31-27 и го запиша вториот пораз.