Комитите удрија по Манасков

Откако на мечот против Пик Сегед можеше да се чуе само по некој свиреж, сега Комитите жестоко пееја против Дејан Манасков само поради напишан статус на социјалните мрежи дека никогаш не би заиграл за Вардар, додека беше член на Металург. Манасков не влезе во игра, а Комитите го пречекаа со свирежи, навредливи скандирања и пароли.