Таг: рајн некар

Германците грмат за Фичо наш

Иако е уште млад и е само втора сезона дел од Бундеслигата, навивачите на Рајн Некар се гледа дека го сакаат Филип Талески. Убаво е кога ќе се чуе како цела сала во елитната ракометна лига го скандира името на нашиот репрезентативец.

Не е до судиите, Вардар и сезонава е многу јак

Гостинскиот триумф над Веспрем и домашниот против Рајн Некар се доказ плус дека и покрај продажбата на важни имиња, Вардар годинава повторно сериозно ќе гризе за високи дострели. Гигантите го потценија па сега плачат за судењето.

Нема лабаво со Вардар, го сруши и Рајн Некар

Тој што мисли дека Вардар сезонава е послаб и почнува некоја си нова ера, гадно се заебал. Вардаровата машинерија го сомеле и силниот бундеслигаш со кој денеска го играа мечот на колото во ЛШ.

Илија фала ти за сè

Иако е повреден и не е во комбинација за денешниот меч, сепак Абутовиќ допатува во Скопје каде ги мина најубавите години од кариерата. Освен овации, за ракометарот на Рајн Некар кој 7 години му беше верен на Вардар со кој освои европска титула, имаше и едно изненадување. Капитенот Столе му подари дрес на кој пишува: „Илија фала ти за се“.

Тинејџер се расплака од радост што фати пенал во ЛШ

Младиот голман на Кјелце, Милош Валач уште не е свесен дали сонува или игра со неговите идоли. На 16 години дебитираше во ЛШ и успеа да му одбрани пенал на Рајн Некар за огромно воодушевување на сите во салата. Гостите поради бојкот кон ЕХФ играа со младинци и загубија 41:17.

Штербик јуначки го спаси Вардар од пораз

Актуелниот европски првак уште еднаш сезонава докажа дека е тешка тврдина за освојување. Вардар игра импресивна сезона во која сè уште останува единствена екипа без пораз во Лига на шампионите.

Вардар игра магично, на колена и Рајн Некар

Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).

Врвен пенал изведен во Лигата на шампиони

Исланѓанецот Стефан Сигурмансон од Сегед го изведе најфраерскиот удар од седмерец. На дуелот против Рајн-Некар Левен голманот Андреас Палицка можеше само да „чучне“ на паркетот.

Германскиот првак се одмазди во Јане Сандански

По триумфот на тешкиот гостински терен во Манхајм од шест гола разлика, ракометарите на Вардар немаа сили за уште една победа и потклекнаа пред своја публика на реванш дуелот со Рајн Некар.

Дејан Манасков е нов член на Рајн Некар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков на својот Фејсбук профил објави дека се враќа во Бундеслигата и ќе игра во Рајн Некар.

Вардар потклекна во финишот против Рајн Некар

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.

Вардар гази, жртва е лидерот од Германија

Македонскиот шампион продолжува со доминацијата во групата Б од Лигата на шампионите. Во Јане Сандански падна и тешкиот противник Рајн Некар кој по ланската лекција, доби уште една. Петар Ангелов блесна во второто полувреме.

Комитите удрија по Манасков

Откако на мечот против Пик Сегед можеше да се чуе само по некој свиреж, сега Комитите жестоко пееја против Дејан Манасков само поради напишан статус на социјалните мрежи дека никогаш не би заиграл за Вардар, додека беше член на Металург. Манасков не влезе во игра, а Комитите го пречекаа со свирежи, навредливи скандирања и пароли.

Вардар одново блесна во Германија

По ланскиот епски триумф против европскиот првак Хамбург, македонскиот вицешампион му одржа ракометна лекција на уште еден бундеслигаш. Овој пат на колена е гигантот Рајн Некар, кој втор пат сезонава не можеше да излезе на крај со момците на Раул Гонзалес.

Реномираниот Рајн Некар немоќен во црвено-црниот пекол

Македонскиот вицепрвак блесна во третото коло од најквалитетното клупско европско натпреварување, а на колена во „Јане Сандански“ падна германскиот вицешампион. Вардарци продолжуваат победнички во голем стил против конкурентот за врвот на табелата.

Горбок: Имаме нова сала, Комити и одличен тренер за победа

Македонскиот вицешампион в недела во „Јане Сандански“ ќе атакува на нова победа во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Тимот на Рајн Некар е голем испит за Вардарци кои со евентуален триумф би направиле важен исчекор за врвот на табелата.