Штербик јуначки го спаси Вардар од пораз

Актуелниот европски првак уште еднаш сезонава докажа дека е тешка тврдина за освојување. Вардар игра импресивна сезона во која сè уште останува единствена екипа без пораз во Лига на шампионите.

Германскиот и македонскиот првак пружија лавовска ракометна битка во која се надигруваа цели 60 минути, а конечниот резултат со малку голови 21:21 е доказ за израмнетиот меч на двата гиганти.

Натпреварот беше постојано неизвесен со исклучително цврста одбрана на двете страни, а максималното водство и на двете екипи изнесуваше +2. Вардарци имаа предност од 5:3 во 17 минута, а на паузата беше 11:11.

Средбата често пати беше во егал и во вториот дел, а домаќините беа поблиску до победата бидејќи во 55-та минута водеа 21:19, но потоа до крајот не успеаа да го погодат голот.

Вардар ги постигна двата потребни гола за да избегне пораз, а клучен играч на мечот беше неприкосновениот Арпад Штербик кој на 38 години брани во врвна форма.

Мечот го заврши со 13 одбрани, а клучната беше онаа со звукот на сирената во последниот напад кој Рајн Некар не го искориски и покрај тоа што на 20 секунди до крај свика тајм аут.

Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс со по 5 голови беа најефикасни во таборот на Вардар, а 4 постигна Жоан Канељас.

Со 7 победи и 2 нерешени средби, Црвено црните остануваат единствената екипа без пораз во Лигата на шампионите. Вардар е лидер во групата А со 16 бодови, Нант има 13, а Барселона и Рајн Некар по 12.

Во последното коло од групната фаза во Јане Сандански го пречекуваат Кристијанштад.

26 ноември 2017 - 20:48