Во Варшава комична кореографија против УЕФА

Навивачите на Легија тврдокорно одат до крај во војната со УЕФА. Скоро една деценија европската куќа на фудбалот го казнува полскиот шампион и парично и со затворени трибини, ама навивачите на тимот од Варшава не попуштаат. Секој пат ја напаѓаат УЕФА дека е мафија, дали преку песни дали преку кореографии.

На реваншот од плејофот за пласман во Лига Европа, Легија Варшава со 2-1 ја совлада Славија Прага и оди во групна фаза со вкупен резултат 4-3 (првиот меч во Прага заврши 2-2).

На овој натпревар навивачите на Легија Варшава на една трибина имаа голема кореографија со патка. Намерата им беше наместо буквата D од терминот duck за патка на англиски, да се стави F или Fuck Uefa

27 август 2021 - 10:24