Навивачите на Баерн пецнаа за Кралицата и фудбалот

Баерн Минхен ја доби дерби пресметката против Барселона, а германските навивачи испратија порака до УЕФА која се однесува на одложувањата на натпреварите поради смртта на Елизабета.

И покрај тоа што нив не ни засега и мечот од ЛШ го одиграа во закажаниот термин, сепак навивачите на Баерн имаа став кој го истакаа на транспарент.

„Одложување натпревари во последна минута и забрани поради кралска смрт? Почитувајте ги фановите“, гласи нивната парола.

Германците со ова на некој начин им дадоа поддршка на Наполитанците на кои синоќа им се поремети патувањето околу сместување и авионски карти, бидејќи натпреварот Ренџерс - Наполи е одложен од вторник за среда.

Претходно цело коло одлучи да го одложи и Премиер лигата.

Баерн за четири минути ја скроти Барселона, а Леверкузен за две минути Атлетико

14 септември 2022 - 08:21