Лудило во Мароко, сè живо слави по улици

Селекцијата на Мароко е единствена која оствари сензациски резултат во нокаут фазата на СП, сите други фаворити поминаа. За нив ова е шесто учество на Мундијалите и прв историски пласман во четвртфинале каде ќе се сретнат со Португалија. Победата над поранешниот светски првак се славеше на големо и тоа не само во Мароко, туку насекаде каде што живеат Мароканци.

7 декември 2022 - 08:57