Хаосот на мечот Марсеј - Галатасарај

На теренот во 2. коло од Лига Европа Марсеј и Галатасарај одиграа само 0-0, ама на трибините беше пеколно. Францускиот клуб допуштил влез на преку 5.000 турски навивачи кои биле сместени до најжестоката трибина со навивачи на Олимпик Марсеј.

Иронична ситуација во Марсеј вчера вечер. Прво пред дуелот Олимпик - Галатасарај стотици домашни и гостински навивачи околу стадионот пееле заедно без никаков проблем:

Ама на стадионот во еден момент гостите од Истанбул палат бакљи и ги фрлаат врз домашните кои бурно реагираа. Мечот се прекина па продолжи.

1 октомври 2021 - 10:17