110.000 гледачи и сите облечени во бело - неверојатна традиција во Пенсилванија

Ова што се случува на одредени натпревари на еден универзитетски тим во американски фудбал е стварно необјаснив феномен.

Скоро пишувавме за надреалниот настан кој одвреме-навреме се одржува на стадионот за американски фудбал во Висконсин, каде преку 80.000 гледачи во ист момент скокаат на познатата песна Jump Around.

Но студентскиот спорт во САД не престанува да воодушевува. Гледан е речиси како НБА а повеќе од сите други професионални лиги. По пандемијата која го затвори светот, најголемо шоу направија навивачите на Пен Стејт - Универзитетски тим од државата Пенсилванија по американски фудбал.

Секоја година околу 110.000 гледачи (официјалниот капацитет на арената е 106.572 седишта) доаѓаат на натпревар сите облечени во бело.

Сега првпат се испоставило противник да им е тимот на Оберн Тајгерс од Алабама.

Погледнете го тоа лудило:

Оваа традиција има долга историја. Во 2004-та година екипата имала слаби резултати на терен, но и трибините биле слабо исполнети. Откако стадионот се реновирал и го прошириле, станал многу чудно тивок и покрај посетеноста од 100.000 гледачи.

За да ги разбуди не баш гласните гледачи, тогашниот директор за брендинг и комуникации, Гвидо Д’Елија ја смислил акцијата со бела облека. Бојата ја одбрал по бојата на дресот на екипата.

Тогаш во тие години (2004/2005) беше потешко да се распростране информација зошто социјалните мрежи уште или не постоеа или беа во мал број, а универзитетот одбивал да им прати електронска пошта (мејл) на студентите и другите навивачи.

Морало да се оди по студентскиот камп со мегафони и микрофони за да се наведат студентите да ја прифатат идејата. На денот на натпреварите волонтери стоелле пред студентските домови и барале од студентите да ги сменат маиците ако не носат бели. Барале да се вратат и да облечат бели маици или блузони.

„Знаевме дека нема да заживее од прв пат, не проработе воопшто. А сега бела облека стана идентитетски бренд на Пен Стејт. Нашите навивачи веќе ја прифатија традицијата и ја направија застрашувачка сила. Секој тренер ќе ви каже за тоа“.

Целата идеја добила голем одјек кога во бело еднаш дошле 20.000 студенти, а од 2007-ма година дрес-кодот веќе го надминал и студентскиот сектор и се проширил на целата Арена. Од тоа време па до денес на дури 14 меча (во 2020-та година поради глобалниот вирус натпреварите биле одложени) дошле повеќе од 1,4 милиони навивачи облечени во бело.

Ова е сега моќен бренд на универзитетот и е познат под називот White Out. На овие натпревари на кои сите носат бело (се одредува точно на кој меч), цените на билети чинат од 250 долари па нагоре. Стадионот „Бивер“ сега важи за еден од најбучните во студентскиот американски фудбал.

Во меѓувреме идеологот на оваа приказна Д’Елија станал консултант за маркетинг на целата лига.

Неверојатен настан:

Прекрасно.

Оваа традиција меѓу првите ја создале навивачите во професионалната НХЛ хокеарска лига во САД. Приврзаниците на тимот Винипег Џетс создаваат бела лавина на натпреварите во плејофот. И тоа го прават многу пред оние во Пенсилванија, уште од 1987-ма година!

Прочитајте уште и:

НАЈЧУДНИТЕ МЕТОДИ ЗА МОТИВАЦИЈА ОД ТРЕНЕР ВО АМЕРИКА

НАЈЗАФРКНАТИ НАВИВАЧИ ВО НБА ВО ГРАДОТ КАДЕ НИКОМУ НЕ МУ СЕ ГОСТУВА