Стречерси за плејофот во западната конференција

Македонското НБА шоу стартува со нова анализа и предвидувања, а темата е ситуацијата во плејофот од Западот. Дечките даваат прогнози, објаснуваат со длабоки анализи и се гледа дека се одлични познавачи на најсилната кошаркарска лига во светот.

Голден Стејт Вориорс – Хјустон Рокетс, прогноза: 4:1 или 4:0

Хјустон е со многу мали шанси против Вориорси пред се поради катастрофалната одбрана која во плејоф мора да биде на повисоко ниво. Најголемите критики за одбраната одат за Џејмс Харден.

Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис, прогноза: 4:0

Очекуваат неубава кошарка за око бидејќи овие две екипи играат по старата НБА школа, а според статистиката имаат најслаб посед.

Оклахома Сити Тандер – Далас Маверикс, прогноза: 4:2

За Расел Вестбрук и Кевин Дурант ќе нема достојни чувари бидејќи имаат вонредни физички квалитети и кошаркарски умеења.

Лос Анџелес Клиперс – Портланд Трејлблејзерс, прогноза: 4:1 или 4:2

Клиперси играат балансирана кошарка и во напад и во одбрана, имаат добро темпирана форма и се фаворити на овој дуел.

Одличниот муабет на Стречерси со Бошко, Мите и Џиги кои седат од лево на десно е снимен еден ден пред стартот на плејофот.

21 април 2016 - 17:03