Таг: стречерси

Лука Дончиќ – прототип на играч кој одамна немало во кошарката

Се сеќавате ли на Стречерси? Дечките кои знаат доста за НБА и оваа сезона прават анализи во форма на ТВ емисии кои ги објавуваат на Јутјуб. Последната ја крстија „Чудото од дете кое доминира во НБА“.

Последната епизода на Стречерси

Во 10-та и последна епизода од првата нивна сезона, Бошко, Мите и Елдан прават осврт на историската сезона и историскиот плејоф, потоа зборуваат за заминувањето на Кевин Дурант од Оклахома, за тивкото пензионирање на Тим Данкан и за сите останати размени и потпишувања на слободни агенти. Им благодариме на дечките кои го направија првото македонско НБА шоу. Се гледаме на есен.

Стречерси за финалето меѓу Голден Стејт и Кливленд

Во отсуство на Бошко, гостин во македонското НБА шоу е Енес Каракаш, основач на блогот МакНБА. Прво прават анализа на двете конференциски финалиња (Голден Стејт - Оклахома Сити 4:3 и Кливленд Тороно 4:2), а потоа за тоа што престои, репризното финале.

Стречерси за конференциските полуфиналиња во НБА

Момците од македонското НБА шоу погодија 6/8 во првото коло од НБА плејофот кој велат дека минал досадно па дури и таму каде што имаше седми натпревар. Во студио направија една измена и една рокада на позициите, а содржината е иста. Аланиза и предвидувања за второто коло.

Стречерси за плејофот на Истокот

По четири поминати кола Бошко, Мите и Џиги се покажаа како одлични прогнозери во НБА плејофот. Три од осумте парови веќе имаат разрешница која ја погодија, а по анализата на Западот, сега ќе ги чуете предвидувањата за Источната конференција кои се совпаѓаат со тоа што го рекоа пред да почне.

Стречерси за плејофот во западната конференција

Македонското НБА шоу стартува со нова анализа и предвидувања, а темата е ситуацијата во плејофот од Западот. Дечките даваат прогнози, објаснуваат со длабоки анализи и се гледа дека се одлични познавачи на најсилната кошаркарска лига во светот.

Стречерси број 2

Втор дел од првото македонско веб шоу со анализи за НБА. Темата овој пат е: пензијата на Коби; Голден Стејт Вориорс и како стигнаат до рекорден старт од 20 - 0; спорадично за користење подлактица; за последниот НБА драфт; разочарувањата од Западната конференција. Ако ти е до НБА, ќе се изненадиш каков квалитетен муабет ќе направат.