Стречерси за конференциските полуфиналиња во НБА

Момците од македонското НБА шоу погодија 6/8 во првото коло од НБА плејофот кој велат дека минал досадно па дури и таму каде што имаше седми натпревар. Во студио направија една измена и една рокада на позициите, а содржината е иста. Аланиза и предвидувања за второто коло.

 Голден Стејт – Портланд, прогноза 4:0 и 4:1 (моментални 2:0)

„Голден Стејт имаат најдобар офанзивен рејтинг во НБА лигата со 114,5 поени во просек по натпревар, а Портланд е екипа која со една од најслабите одбрани на 20 место и прима во просек по 108 поени. Мислам дека ова ќе биде метла и без Кари“.

Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити, прогноза 4:2 и 4:3 (моментални 1:1)

„Се навестува добра серија со двете ѕвезди на Оклахома кои во секој момент може да распалат и сами да победат, а од друга страна го имаме Сан Антонио со тимска игра која може со милениуми да се проучува како основа во кошарката“

Кливленд – Атланта Хокс, прогноза 4:1 и 4:2 (моментални 2:0)

„Хокси се на второ место по дефанзивен рејтинг во лигата веднаш по Сан Антонио, но ја немаат повеќе таа течна игра од лани. Им фали Перо, но и Демар Керол кој замина во Торонто и кој беше голем дел од таа игра со брзо подавање. Имаат катастрофален дефанзивен рејтинг на 22 место“.

Торонто – Мајами, прогноза 3:4 и 4:3 (моментални 0:1)

„Во оваа серија ќе има изненадување, Мајами ќе победи најверојатно со седми меч. Торонто се покажа против Индијана дека е лош во можноста да доминира против еден тим и очигледно не се екипа која може во супериорен акт да направи нешто како Спарси што направија против Оклахома“.

5 мај 2016 - 12:58