Таг: нба плејоф 2016

Леброн Џејмс виткаше обрачи

По двата убедливи порази на стартот, Кливленд реши да го искористи домаќинството и го прегази Голден Стејт. Главна улога одигра Леброн.

Кливленд го возврати ударот за 2-1 во серијата

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.

Вориорси сигурно маршираат, Кливленд прегазен за 2:0

Кошаркарите на Голден Стејт, на крилјата на Драјмонд Грин по втор пат го победија Кливленд во финалната серија, овојпат убедливо со 110:77.

НБА финале кое не може да разочара

Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.

Бејзбол асистенција во НБА

Кошаркарот на Оклахома Сити, Стивен Адамс на мечот против Голден Стејт покажа дека баскетот може да се додава и како бејзбол топче.

Стречерси за конференциските полуфиналиња во НБА

Момците од македонското НБА шоу погодија 6/8 во првото коло од НБА плејофот кој велат дека минал досадно па дури и таму каде што имаше седми натпревар. Во студио направија една измена и една рокада на позициите, а содржината е иста. Аланиза и предвидувања за второто коло.

Кошот на Лаури преку половина терен за продолженија

На Истокот почна полуфиналната серија меѓу Торонто Репторс и Мајами Хит и тоа со победа на гостите после продолженијата за кои се избори Кајл Лаури со неверојатен кош од својата половина.

Стречерси за плејофот на Истокот

По четири поминати кола Бошко, Мите и Џиги се покажаа како одлични прогнозери во НБА плејофот. Три од осумте парови веќе имаат разрешница која ја погодија, а по анализата на Западот, сега ќе ги чуете предвидувањата за Источната конференција кои се совпаѓаат со тоа што го рекоа пред да почне.

Стречерси за плејофот во западната конференција

Македонското НБА шоу стартува со нова анализа и предвидувања, а темата е ситуацијата во плејофот од Западот. Дечките даваат прогнози, објаснуваат со длабоки анализи и се гледа дека се одлични познавачи на најсилната кошаркарска лига во светот.