Рафалите на Џеј-Ар Смит ја срушија Атланта

Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.

Смит постигна вкупно 28 поени и ја замолкна Филип Арената во Џорџија, која синоќа делуваше на негово приватно игралиште а Хокси јуниорски противник. Леброн Џејмс уфрли 31 поен, 8 скока и 6 асистенции. Џеј-Ар Смит го оствари и својот рекорд во плејофот (10-16 за три) и 8 скока. Тимофеј Мозгов и Тристан Томпсон искомбинираа вкупно 20 поени и 20 скокови.

Кај Атланта, Џеф Тиг беше најефикасен со 27 поени и 4 асистенции. 16 поени додаде Ал Хорфорд, а Пол Милсап го заврши мечот со 13 поени и 7 скока. Хендикеп за Хокси е и повредата на ДеМар Керол кој во 4. четвртина излезе од игра. Антиќ одигра 9 минути, не се запиша во листата на стрелци и имаше само три дефанзивни скока.

Втората средба се игра повторно во Атланта, во ноќта меѓу петок и сабота.

Меката рака на „лошиот“ дечко од Кливленд:

Леброн пресилен за Хокси, им даде 31 поен:

Кралот Џејмс стана првиот играч во историјата со најмногу натпревари на кои постигнал повеќе од 30 поени:
ѓ