Таг: перо антиќ

Антиќ на натпревар на Јокиќ

Првиот човек на мак баскетот и единствен наш претставник во НБА лигата, направи убава тура во САД. Ја посети Атланта Хокс, каде играше во периодот 2013-2015, се виде со Богдан Богдановиќ со кој славеа европска титула во Фенербахче, а замина и кај Никола Јокиќ за да го следи во живо последниот негов меч од регуларниот дел во сезоната против Мемфис на кој Денвер славеше.

Кам бек на Перо Антиќ во Атланта, овој пат како гостин

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија е за сега првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата. Го носеше дресот на Атланта Хокс две сезони (2013-2015), а синоќа им беше во посета. Го следеше мечот Атланта - Мајами, а даде и интервју на кое водителот го испофали како еден од играчите кои ќе останат доживотен бренд на Атланта.

Антиќ: Погодете во вистинскиот кош, гласајте за Александар Вучиќ

Откако гордо застана на неговиот митинг во Врање, а потоа видеото го објави на Инстрагам и напиша: Људина, пријател, брат, лидер, претседател, се појави ново видео, овој пат на Инстаграмот на Вучиќ. Се работи за спот во кој Перо се претставува како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, а повикува за кого треба да се гласа на 17-ти во Србија. Му го чуваме грбот на Аца, вели Антиќ.

Перо Антиќ на митинг кај Вучиќ

Во Србија се ближат избори, а на предизборниот митинг на Александар Вучиќ во Врање, во публика беше и првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ. Српскиот претседател го поздрави од говорница и му се заблагодари за поддршката.

Остри зборови на Фемили Аеродром до Перо Антиќ

Навивачите на МЗТ Скопје веќе некое време се свртени против првиот човек на КФМ. Овој пат го нападнаа најсилно, со образложение во каква состојба е мак баскетот.

За кого навиваше Антиќ на мечот Ѕвезда - Олимпијакос?

Со едните стана двократен првак на Европа, но очигледно во срце повеќе му се другите каде е и миленик на навивачите кои секогаш го поздравуваат кога ќе ги посети.

Штосен подарок од ФИБА за Антиќ

Нa покана на генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис, претседателот на КФМ, Перо Антиќ бил во работна посета во седиштето на меѓународната кошаркарска федерација во Женева. Заглис му подарил врамен записник од првиот натпревар под капата на ФИБА на кој настапил Перо Антиќ.

Борко за Перо: Пие и користи бели прашкасти материи, не сакам да биде идол на моето дете

Борко Ристовски во гостување на видео подкаст, повторно распали против првиот човек на КФМ, но овој пат многу подиректно. Потоа пак го критикуваше и Кире Лазаров како селектор. Посочи тројца стандардни играчи зошто не се дел од репрезентацијата.

Дресот со кај стана европски првак, Перо Антиќ го продава на аукција за помош во Турција

Претседателот на КФМ се приклучи во хуманитарната акција за помош на погодените од земјотресот во Турција. Дресот со кој ја освои третата европската титула во 2017-та, вкупно трета во кариерата, го става на продажба, а парите ќе одат во донации.

Антиќ: Јокиќ и Дончиќ се пример за децата, играат со срце, а не за пари

Перо Антиќ како прв човек на КФМ гостуваше во Грција, каде даде интервју за Eurohoops TV. Зборува за НБА, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Фенербахче, Олимпијакос, а за Богдан Богдановиќ вели дека е полуд по кошарка од Жељко Обрадовиќ и дека кога биле цимери до 4 сабајле гледал натпревари.

Навивачите на Црвена Ѕвезда во одбрана на Антиќ

Првиот човек на КФМ не одговори на провокацијата на навивачите на МЗТ Скопје, кои на мечот против Црвена Ѕвезда извадија парола против него. Но тоа со сторија Делии на мечот против Монако.

Парола на аеродромци против Перо Антиќ

Како нивен поранешен играч, Перо Антиќ отворено кажува дека е и голем навивач на Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче. Српскиот клуб синоќа му гостуваше на МЗТ Скопје и го совлада 57:80 во 14 коло од АБА лигата. Првиот човек на КФМ, овој пат не се појави со дуксер на Ѕвезда, но и покрај тоа навивачите во Јане Сандански спремни го пречекаа.

Навивачите на МЗТ со транспарент: Перо Кантиќ

Градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше за момент во прекин, поради транспарент на домашните навивачи, наменет за претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија.

Тајм аутот на Дуда, кога Македонија ја декласираше Србија на ЕП

Две години по епското Европско првенство во Литванија 2011, македонската кошаркарска репрезентација имаше лоша епизода на еврошампионатот во Словенија. Доби само еден натпревар и тоа токму против селекцијата предводена од легендарниот Ивковиќ.

Перо раскажува како Тоше Гечевски го потпишал првиот договор

„Дека е Тоше, каде е Тоше, прашува Илија Мерџановски? Тоше е по риба во викендицата. Пола саат мора да возиш со чамчето. Нема поголема љубов и мир од тоа за него“, раскажува првиот човек на КФМ.

И Перо од позади му залепи 50че

Што педантни читатели ќе имавме. Коректор без кои се разбира дека не се може. Вчера објавивме видео на кое Жељко Обрадовиќ во друштво со Шарунас Јасикевичиус лепи пари на хармоникаш, ама ни стигна порака во сандаче дека сме пропуштиле важен детал.

Антиќ знаеше како да му се постави на Дончиќ

17 години и 10 см разлика не се малце, ај ти. Мирно и искусно одиграно во одбрана, ко Владе Дивац.

Перо Антиќ е новиот претседател на кошаркарската федерација на Македонија

На достоинствен начин, како и што доликува, без сцените од изминатите избори за прв човек на МКФ, денес најпрославениот македонски кошаркар Перо Антиќ беше избран за претседател.

Како Перо место во Барселона заиграл во НБА

По скандалот за ФИРОМ во Евролигата решил на даљинското да стисне муте и да не дава повеќе интервју, па затоа сега после неколку години можеме да го чуеме отворено на повеќе теми. Од тоа како во одбрана на колега фатил двајца американски џандари за рамо, па до откривањето на две врвни имиња кои ќе едуцираат тренери во Македонија ако стане прв човек на МКФ.

Кога ќе пораснам сакам да бидам како Перо

Перо наш има еден искусен лажњак кој им го продаде во НБА додека играше за Атланта Хокс. Американците му го памтат и четири години подоцна го споредија со овој на Џоел Ембид од Филаделфија. Стварно се исти.

Со кој светски кошаркар Перо Антиќ би ја заменил кариерата?

Легендарниот македонски кошаркар во заминување добива брзо поставени забавни прашања во 90 секунди. Не можеше да избере една песна на која крши чаша во кафана, арно ама за прашањето од насловот не се двоумеше :).

Голема НБА ѕвезда ќе гостува во Скопје во чест на Перо Антиќ

Со оглед на тоа што на паркетот се рова од 1999-та, беше само прашање на време кога и официјално ќе и соопшти на јавноста. Трикратниот европски првак Перо Антиќ годинава се повлекува од играње кошарка и тоа со спектакуларен проштален натпревар.

Овации за Перо пред дербито Фенер - Реал

Истанбул не го заборава Перо Антиќ кој замина во Турција за да го гледа мечот од Евролигата меѓу неговиот поранешен клуб и Реал Мадрид. Настапуваше за Фенер од 2015-та до 2017-та и со нив стигна до третата европска титула во кариерата. Ептен го испоштуваа.