Таг: леброн џејмс

Најголемиот кошмар на Леброн Џејмс

Лани го елиминираше со 4:0, овој пат со 4:1, а на последните 13 нивни соочувања резултатот е 12:1. И самиот Леброн кој има 17 плејоф настапи и 4 НБА титули е свесен дека нема како да го задржат. Не за џабе изјави дека е еден од најдобрите. Никола серијата со Лејкерси ја заврши речиси си трипл дабл, бидејќи просекот од петте натпревари вели вака: 28,2 поени, 16.2 скока и 9,8 асистенции.

Леброн и Јокиќ под кош во борба за топка

Прво не го натскока, туку не му ни даде да скокне, потоа даде кош и изнуди дополнително слободно фрлање. Џејмс во немоќ ги крена рацете, во стил тоа е. Како да се бореше за топка против играч од Водњански Лисици, а не со еден од најдобрите во историјата.

Леброн ги дупчеше Дончиќ и Јокиќ дека првиот Ол стар го играл 68-ма со Вилт Чемберлен

Јак муабет падна синоќа на клупа за време на Ол стар натпреварот кој од година во година се повеќе се игра за терање мајтап и заебанции. Една тројка фалеше за да паднат точно 400 поени.

Асистенцијата на Дончиќ за која Леброн им објаснуваше на клупа

Лука Дончиќ пружи фантастична партија со трипл дабл од 33 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Но сепак тоа не беше доволно за Далас да го победи Лос Анџелес Лејкерски кој славеше со 127:110. Словенецот направи асистенција со која ги збуни сите и за која Леброн Џејмс продолжи да зборува и на тајм аутот.

Џордан или Леброн?

Прашање поставено до Чарлс Баркли кој од прва го дава и образложува одговорот во кратки црти.

Леброн му сруши епски рекорд на Џабар и загуби со невидени 44 коша разлика

Историска ноќ за Леброн Џејмс со измешани чувства, кој не му се израдува на новото НБА достигнување.

Асистенција во НБА која предизвика воздишки, Дончиќ му ја протна на Леброн низ нозе

Далас ги доби Лејкерски со 104:101. Дончиќ го заврши мечот со 30 поени, 12 скока и 8 асистенции, а Леброн со 26 поени, 9 скока и 7 асистенции. Словенецот со едно доавање направи шоу и за публиката и за коментаторите. Шмекот е уште поголем, бидејќи успеа да го понижи кралот Џејмс.

Не можеа да се догушкаат Леброн и Меси

Леброн Џејмс, Серена Вилијамс и Ким Кардашијан беа дел од ѕвездите кои го следеа од трибини дебито на Меси во САД, кој блесна со голчиште во 94 минута и го реши мечот. Топла, ептен топла средба имаа двете спортски легенди.

Соочување на Леброн Џејмс и Двејн Вејд, лето 2003-та

Снимката е всушност од годината кога Џејмс беше избран за прв, а Вејд за петти пик на драфтот и 10 години пред да му донесат на Мајами Хит две шампионски титули по ред. Првиот уште игра на 38 години, а другиот се повлече пред три години и сега има 41.

Редок сеир на сметка на Леброн кој се посрамоти сам под кош

Еднаш и Кралот да заебе. Инаку мечот против Денвер кој поведе 2:0 во финалето на Западната конференција го заврши како најефикасен за својот тим со 22 поени, 9 скока и 10 асистенции и повторно за влакно не оствари трипл дабл.

Леброн Џејмс им врати на навивачите кои го исвиркаа на Супербоул

Со 38.388 поени, Леброн го мина Џабар и стана прв стрелец во историјата на НБА. Но навивачите на Феникс Санс кои се најмногубројни во Аризона, каде се играше НФЛ финалето, немаа доблест да го испочитуваат „кралот“. Затоа тој им возврати „кралски“.

Кога во публика до тебе ќе ти се падне Леброн Џејмс

Лејкерси успеаа да го совладаат Голден Стејт и без повредениот Леброн кој мораше да одмори после историскиот меч за НБА лигата. Хит број 1 од мечот е реакцијата на девојчето кога сфати кој седна до неа. До матура ќе го раскажува искуството. Следуваше интервју, па сликање.

Моментот кога го снимаш татко ти како станува стрелец број 1 во НБА

38 годишниот Леброн Џејмс има три деца: Бруни (18), Брус (15) и Жури (8). Двајцата синови со мобилни му го бркаа епскиот рекорд и направија бесценети клипови.

Гугл во чест на Леброн Џејмс

По пауза од 39 години, соборен е рекордот по број на постигнати поени во најсилната кошаркарска лига во светот. Тоа го стори „Кралот“, еден од најдобрите кошаркари во историјата кој 20 години игра во топ форма. Напишете го на Гугл да видите како го испочитуваа.

Цела НБА е на нозе, Кралот Џејмс се искачи на тронот

Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња откако го мина Карим Абдул Џабар кој го држеше рекордот 39 години. Мечот беше во прекин, а Џабар на лице место му честиташе на Леброн за неверојатниот подвиг.

Епска НБА партија на Леброн Џејмс кој се надмина себе си

Лос Анџелес Лејкерс загубија дома во градското дерби од Лос Анџелес Клиперс со 115:133, но никој не зборува за поразот, туку за историските подвизи на неверојатниот Леброн Џејмс кој на 38 години ги поместува границите во НБА.

Го потсетија Леброн, дека не е веќе така млад

Јак муабет му направи Џабари Смит Џуниор, роден 2003-та на Леброн Џејмс, роден 1984-та, пред стартот на мечот Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон Рокетс кој заврши 140:132.

Со Леброн Џејмс секој цепелин е шоу

Ѕвездата на вечерта во НБА лигата е Донован Мичел со 71 поен, но не може никако да се игнорира и она што го прави неверојатниот Леброн Џејмс на 38 години. Јубилејната 20-та година во НБА ја почна со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции и стана само втор играч на 35+ години со постигнати 40+ поени на две средби по ред. Првиот е Мајкл Џордан.

Прва НБА вечер и веднаш насладување со шоу на Леброн и Кари

Голден Стеј Вориорс со победа ја зачинија церемонијата на доделувањето на прстените и тоа против Лејкерси од 123:109. Ѕвезди на вечерта Леброн Џејмс и Стефон Кари кои заедно постигнаа 64 поени.

Убави средби на Џордан со Дончиќ и Леброн

Најголемиот на сите времиња е голем и натаму, а тоа го покажува со респектот кон помладите. Каква чест за Лука, инаку 37 години помал од Ем Џеј. Му влета изненадувачки и се сецна и обезбедувањето.

Леброн да не има 19 години?

Лејкерски запишаа трета победа во низа, овој пат против Хјустон со 119:117, а главен на паркетот беше Лебон Џејмс со 30 поени, 10 асистенции и 4 скока. Како ли да му застане човек на кралот кога ќе тргне вака од кош до кош? Па ќе го залепи како постер со вакво моќно забивање, кој и да е.

Леброн и Кармело се дружат повеќе од 20 години, еднаш му спасил живот, сега првпат ќе заиграат заедно

Другарството меѓу Мело и Џејмс трае повеќе од две децении. Леброн еднаш раскажа како му го спасил животот на Кармело на Бахами. Двајцата мечтаеле да играат во ист тим уште од моментот кога првпат стапнаа во НБА пред 18 години!

Потегот на Дурент на кој се зачуди и Леброн

Бруклин Нетс станува машинерија многу побрзо отколку што се очекуваше. Собир на страшни ѕвезди за кој многу луѓе сметаа дека ќе треба време да се воиграат. Ама во плејофот растураат како од шала. Против Милвоки Бакс во конференциско полуфинале водат со 2-0 откако синоќа прегазија 125-86.

Леброн Џејмс првпат во кариера испадна во 1 коло на плејоф, Феникс го сруши шампионот

Со феноменална партија на неверојатниот Девин Букер кој ги распали мрежичките во „Стејплс Центар“, Феникс Санс заслужено го победи Лејкерс и со 4-2 оди во следна рунда.