Исповед на другарот и поранешен соиграч на Антиќ

Како Табо Сефолоша стана симбол на граѓанските права во САД

Една априлска вечер во Њујорк, кошаркарот на Атланта беше повреден и уапсен заедно со Перо Антиќ. Еве ја приказната за тоа како Табо стана симбол на граѓанските права во САД.

Четири месеци пред несреќниот случај на Табо Сефолоша и Перо Антиќ со њујоршката полиција, Хокси во декември 2014-та играле против Никс во Њујорк. Тогаш Табо Сефолоша со жена му бил во такси и заглавиле во неверојатен метеж во Менхетен. Причина за метежот биле протестите против полициската бруталност во случајот со убиството на Ерик Гарнер, четири ипол месеци претходно.
 
Во еден момент, Сефолоша излегол од таксито, направил неколку фотографии од кои една постирал на Твитер: „Добро е да се биде во Њујорк и да се видат луѓево како креваат глас на улиците“. Го завршил твитот со хаштаг: #icouldbenext (#јасможедабидамследниот).
 
Четири месеци подоцна, на само пет минути и 22 секунди откако излегол од еден ноќен клуб на 8. април наутро, тој беше следниот. Се нашол со лицето на земја, со тројца полицајци кои му ги врзуваат рацете и насилно го апсат.

Во деновите, неделите и месеците подоцна, Табо Сефолоша, Швајцарец со Јужно-Африкански корени и клучен играч од клупата на Хокси ќе ја раскажува приказната за тие пет минути. Пак и пак и пак, на адвокатот, на жена му, на роднините, на пријателите, на тренерите, на соиграчите, на медиумите, на судијата, на самиот себе.
Во негово сеќавање не изгледаат баш пет минути. „Искрено нема ден да не помислам на таа ноќ откако се случи. Нема бегање од тоа", искрено признава Сефолоша.

Авионот на Атланта Хокс слетал во Њујорк околу 1:30 напладне за мечот против Бруклин Нетс. Претходната ноќ, Атланта го одигра најгрубиот меч во сезоната против Феникс Санс, средба на која Сефолоша играше 20 минути. Со дури седум технички и еден исклучен играч, дуелот бил многу напорен. По пристигнувањето во Риц-Карлтон хотелот во Њујорк, Сефолоша не можел да заспие.

Се слушнал на мобилен со брат му кој живее во Швајцарија и му зборувал за тоа колку е возбуден што ќе игра во плејофот кој почнува за 10 дена. Табо претходни играше во НБА финале со Оклахома Тандер три години порано кога загубија од Мајами Хит. Сега, како играч од клупата на Атланта која беше прва на Истокот сакаше уште една шанса за титула. За еден месец Табо полни 31 година, што значи стар за НБА

Во меѓувреме, другар на Табо од Њујорк, кој работел како агент на неколку НБА играчи му предложил да се видат во некој ноќен клуб близу местото Челзи. Заедно со Сефолоша во провод решил да тргне и Перо Антиќ.

Во клубот сè наполнил, а тие имале ВИП маса на која стандардно имало неколку шишиња ликер. Нарачале Џејмисон и водка, а Сефолоша мешал Џејмисон и Спрајт. Зборувале со другите присутни кои пиеле со нив. Поминал еден час и агентот решил да замени, им посакал добра ноќ, а наскоро фајронт, музиката престанала, се вклучиле светлата. Откако вработените јавиле дека е време за одење, сите послушале и полека излегувале.

Штом излегле Перо и Табо од левата страна виделе криминална сцена. Полициски ротациони светла и коли за Брза помош. Неколку жолти ленти и многу униформирани полицајци кои урлале "Clear the block!" (Исчистете го блокот). Присутните биле насочувани на десно кон 17-та улица на 30-ина метри подолу, а некои од нив им посакувале добар плејоф на кошаркарите на Атланта.

Во еден момент, Перо и Табо посебно забележале еден џандар, низок по раст кој според сведоците гласно викал „Get the fuck off my street, get the fuck off my street".

Антиќ, опишан од присутните како ќелав Македонец со густа црна брада и глас како контрабас, се тргнал на страна од гужвата. Нервозниот полицаец му се навртел на Сефолоша кој бил во друштво на две девојки со кои се запознал во клубот. Откако Перо се оддалечил од Сефолоша, во еден момент дошол до него и му викал дека Крис Коупленд, крилото на Индијана бил избоден со нож. Никој не обрнал толку внимание на тоа, затоа што почнала вербална тензија меѓу Сефолоша и полицицаецот.

Откако џандарот продолжил по свое и викал „Што се влечете, губете се од овде", Сефолоша му вратил: „Можеш нормално да зборуваш со луѓето, и така може. Значката те прави нешто посилен". "Со или без значката, ти ќе го наебеш", му одговорил полицаецот. (Подоцна на судењето полицаецот негирал дека така се обратил). „Ајде човече, метро и жилет си, ти си џуџе. Опушти се. Претпоставувам дека и јас би бил така бесен да бев џуџе како тебе", уште повеќе Сефолоша го разгневил џандарот.

За само неколку секунди, некој скитник му побарал пари на Табо, кој не успеал да му ги даде, затоа што полицијата веќе тргнала да го апси. Насилно, како што се гледа на видеото еден по еден сè повеќе полицајци го легнуваат со лицето на земја и го апсат и него и другар му Антиќ.

Од тој момент, Табо Сефолоша во американската јавност станува симбол за граѓанско право, улога во која тој никогаш не сакал да се најде. Антиќ на 9 септември беше ослободен од сите обвиненија, а Сефолоша и натаму треба да се појавува на суд.

Њујоршката полиција има долга историја на плаќање оштета поради несоодветно однесување на нивните агенти. До толку долга што има страна и на Википедија за тоа. Во последните 15 години, градот под чија закрила е полицијата, платил одштета повеќе од 1,2 милијарди долари за несоодветно однесување на нивните полицајци. За споредба, Лос Анџелес платил околу 74,4 милиони за истиот период. Проблемот на Њујорк со плаќањето обештетување од полициска бруталност е сè поголем. Од 2000. до 2013. Њујоршката полиција плаќала околу 64,4 милиони долари годишно, а во последните две години таа е зголемена до 159,2 милиони долари, дури за 2,5 пати повеќе.

Независните агенции октриле дека 49% од жалбите се поднесени од црнци, раса која што во Њујорк е застапена со 26% од целокупното население. На 27. октомври 2015, Табо Сефолоша потврди кај новинарката Хана Сторм од ЕСПН дека планира да ги тужи градот Њујорк, Њујоршката полиција и осум полициски агенти. Според законот, максимална оштета која што Сефолоша би можел да ја добие е околу 50 милиони долари.

Табо Сефолоша го одигра првиот натпревар после инцидентот, на 27. октомври 2015. година кога во поразот од Детроит постигна 12 поени за 19 минути.