Омразата меѓу Ердоган и турската ѕвезда од НБА

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му го суспендирал пасошот на кошаркарот на Оклахома Тандер којшто синоќа бил задржан на аеродром во Романија поради неважечки документи.

Енес Кантер, еден од најдобрите турски кошаркари на денешницата сигурно би сакал на поинаков начин да го прослави 25-от роденден, без да се префрла од еден на друг аеродром со часови.

Кантер требал да патува од Лондон за Њујорк каде требал да ја промовира својата иницијатива Light Foundation која што помага на сиромашни деца ширум светот.

11-та на Оклахома Тандер бил задржан на аеродромот во Букурешт затоа што неговите документи не биле важечки, односно ги избришале турските власти.

„Здраво дечки, сакав само да ве информирам дека сум заглавен во Романија откако турската амбасада го избришала мојот пасош. Ме држеа со часови во придружба на двајца полициски службеници. Многу добро знам дека ова е поради моите политички убедувања и знам дека така сакал Реџеп Тајип Ердоган, претседателот на Турција, оној кој што нападна луѓе во Вашингтон. Многу лош човек, многу. Прав диктатор, тој е Хитлер на нашето време“, кажа Кантер во видеото што го сними и го постави на Твитер.

„Околу 13 часот, преку Франкфурт стигна во Букурешт. По прегледувањето на документите беше заклучено дека патните исправи не се валидни, односно дека се избришани од матичната земја, Турција. Поради тоа не му е дозволен влез во Романија. Во 17 часот напладне, Кантер го напушти аеродромот и одлета за Лондон. За време на истрагата, никој не го уапси, ниту пак испрашуваше“, изјавил Фабиан Бадила, еден од службениците на аеродромот.

Од Лондон Кантер веднаш фатил лет за Њујорк каде што ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни мотивите за ваквиот настан. Кантер важи за еден од најголемите критичари на режимот на Реџеп Тајип Ердоган во Турција.

Кантер е роден во Швајцарија, а во кариерата играше за Фенербахче, потоа за Јута Џез која што во 2011-та го одбра како трет пик на драфтот во НБА.

Пред Европското првенство 2015-та, Кантер ја напушти репрезентацијата поради своите политички убедувања, што подоцна ги негираше селекторот Ергин Атаман.