таг: турција

Од Ататурк ќе остане само името на аеродромот во Истанбул, ама веќе и тоа не е сигурно

Најлошиот заклучок е дека тесната победа на Ердоган на референдумот е почеток на неговиот крај, бидејќи со идентични резултати како во неделата тој на парламентарни избори би освоил две-третинско мнозинство, пишува Жељко Пантелиќ. Повеќе

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Натенане да се прошетаме низ дречавиот и надреален свет на еден турски секс култ кој е тешка постмодерна: кога не сонуваат за обновување на Отоманската империја, трепкаат со вештачки трепки, праќаат книги по светот, и си играат со кокаин и секс. А во Ердоган го гледаат клучниот лик кој треба Турција  да ја направи модерна и религиозна. Повеќе

Пировата победа на Ердоган

Турските гласачи во неделата ги прифатија 18-те уставни амандмани што претходно беа прифатени од парламентот. Повеќе од еден век парламентаризам ќе биде заменет со турски тип на претседателски систем кој е скроен за актуелниот претседател, пишува професорот по Меѓународни односи на Кадир Хас Универзитетот во Истанбул, Соли Узел. Повеќе

Борбата на Ѓулен и Ердоган преку фудбалот

Најголемиот скандал во турскиот фудбал се случи по завршувањето на сезоната 2010/2011 кога преку 61 фудбалски работник (претседатели на клубови, играчи, тренери и менаџери) беа осудени на неколкугодишни затворски казни поради местење натпревари. Кулминацијата стигна кога се вмеша и политиката. Повеќе

Пријателството од Истокот што ја вознемирува ЕУ

Турците прво соборија воен авион на Русија, при што загина рускиот пилот, потоа припадник на турските безбедносни структури од грб го уби рускиот амбасадор во Анкара, во меѓувреме во Сирија Русите се најголем поддржувач на главниот турски непријател Башар ал Асад. Резултат на сето ова е - руско-турските односи се посилни од кога било до сега. И ова е сериозен проблем во матрицата, барем за Западот. Повеќе

Германско-турска трговија со бегалците

Истиот бегалски бран од пред една година кој ја помести Европа кон десно, успеа да ја натера Германија во позиција да навива и да промовира соработка со Турција. Повеќе

Крајот на отоманските соништа на Турција

Отстапувањето пред руското влијание во Сирија е „ретко јавно понижување“ за Ердоган и неговите амбиции да ја направи Турција светска дипломатска сила. Повеќе

Последниот миг на Карлов

Фотографија од рускиот амбасадор Андреј Карлов во галеријата во Анкара пред да биде застрелан во грб од човекот што стои зад него. Повеќе

Фудбалер на Вотфорд кој во Битола би го викале Успехо

Голманот на Слиго Роверс, Михаел Шлигерман доаѓа од Каунти Мајо а дедо му е Германец. Зборот German е дел од неговото презиме. Има ли уште такви примери каде презимињата на играчите содржат збор кој директно ги поврзува со нивната националност или националноста на нивните родители? Повеќе